Министерството на проблеми мора да стане министерство на решенија, објави на првиот работен ден новата техничка министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
– Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро. Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита. Доаѓа време на одлуки и промени. Чекор по чекор кон обнова за подобра иднина, напиша на својот фејсбук профил Мизрахи.
Иако, една од сферите кои претрпеа најмногу позитивни промени во 2019 година е социјалата, сепак, новата техничка министерка најде маани уште на првиот работен ден.
За потсетување, во мандатот на министерката Мила Царовска, се спроведе масовна социјална реформа. Се создадоа мали групни домови, се зголеми минималната плата, се покачија пензиите, а се решија и долгогодишните проблеми на стечајните работници…..Семејствата кои се преселија од под Кале, семејствата кои добија за 300% повисока социјална помош, програмите за задржување на младите, нови градинки (ран детски развој како приоритет), програма за самовработување за младите, се само дел од реформите со кои Владата се гордее и остави белег во 2019 година.
Б. Богдановска
Mали групни домови, повисоки пензии и минимална плата, социјална реформа – позитив во 2019 година