ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дачиќ: Треба ли Црногорците во Србија, кои ја подржуваат Подгорица и понатаму да имаат српско државјанство

Дачиќ, гостувајќи на Дневникот на РТС, кажа дека не може да се спореди позицијата на Србите во Црна Гора и на Црногорците во Србија, кои, како што рече, „владееа со Србија, иако беа само 0,5 проценти“, повикувајќи ги притоа Црногорците кои живеат во Србија да се изјаснат за ова прашање. -Оној што стекнал сè во Србија има обврска да не молчи за ова прашање, а оние кои го поддржуваат црногорскиот режим по ова прашање на борбата против српскиот народ, мислам дека големото прашање е дали тие сè уште треба да имаат српско државјанство

January 5, 2020 14:29
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод новогодишните настани околу црногорскиот Закон за верски слободи и заострувањето на односите меѓу двете држави изјави дека „Србија нè ја интересира државниот и правниот статус на Црна Гора, туку е заинтересирана за правата на Србите, кои според последниот попис во Црна Гора ги има 30 проценти“.

Дачиќ, гостувајќи на Дневникот на РТС, кажа дека не може да се спореди позицијата на Србите во Црна Гора и на Црногорците во Србија, кои, како што рече, „владееја со Србија, иако беа само 0,5 проценти“, повикувајќи ги притоа Црногорците кои живеат во Србија да се изјаснат за ова прашање.

-Оној што стекнал сè во Србија има обврска да не молчи за ова прашање, а оние кои го поддржуваат црногорскиот режим по ова прашање на борбата против српскиот народ, мислам дека големото прашање е дали тие сè уште треба да имаат српско државјанство, кажа Дачиќ.

Министерот за надворешни работи го повика „црногорскиот режим да разговара со своите граѓани за Закон за верски слободи, оценувајќи дека кризата „не се појавила во Србија, туку во Црна Гора“, дека дијалогот е единственото решение и дека Србија постојано повикува на разговори, но дека црногорските власти го отфрлаат тој дијалог.

Според Дачиќ, „режимот во Црна Гора собира поени за продолжување на антисрпската политика“ и продолжува да ја обвинува Србија за мешање во внатрешните работи на Црна Гора, иако „никој со години нема кажано ништо против независноста на Црна Гора“.

Тој додаде дека режимот сака да обезбеди нова победа на изборите, така што ваквото однесување во анти-српскиот блок им носи поени, но и во еден дел од меѓународната заедница, затоа што тие се против Русија, Србија и наводната големосрпска политика. Според Дачиќ, „тоа е минато време и ова е голема неправда затоа што Србите и Црногорците отсекогаш биле заедно и никогаш не биле во судир“.

За реагирањето на американската амбасада во Црна Гора на настаните во Белград, Дачиќ рече дека никаде се нема ова случено „затоа што САД имаат амбасада во Србија која можеше да реагира, а амбасадорката во Подгорица можеше да го преиспита кршењето на верските слободи“.

-Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) вели дека претседателот Александар Вучиќ се меша во внатрешните работи на Црна Гора, а ДПС се вмеша во внатрешните работи на Србија, зборувајќи за независно Косово, кажа Дачиќ.

Next Post

Ѓоковиќ смета дека Австралија опен може да се одложи

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk