Цврста поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, изрази министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во ексклузивна изјава за дописничката на МИА од Атина на ден пред неговата прва посета на Скопје на крајот од ноември минатата година.
-Нашата поддршка за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ за што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија, не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира дека од страна на Грција, ќе има цврст поддржувач во овој нејзин обид, порача Дендиас.
Истакна дека посетата е во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската унија во не толку далечната иднина“.