ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025 14:55
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Да се нарекува „Српскиот свет“ само идеолошка или културна концепција е грубо потценување. Тоа е стратегија – стара, континуирана и внимателно градена – за проширување на влијание, поттикнување на национализам и, најопасно, легитимирање на амбиции кои директно ја загрозуваат македонската територија и идентитет. Ах, тој идентитет!

И да, ова не е ново. Северна Македонија одамна е на листата на „интересни терени“односно територии и луѓе за еднократни или неколку- кратни употреби, а во случајов за долгорочни,  секако, со учество на домашни „волонтери“!

Најновото сведоштво за ова е посетата на српската министeрка за труд и социјална политика во Битола. Таа смело изјави дека Битола и Охрид се српски градови, додека српското знаме го нарече „Знаме на единството“.


А присуството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на оваа церемонија е далеку од случајно. Континуираното присуство на Стоилковиќ на настани со контроверзни српски политичари – како Милорад Додик, и во Македонија и во Србија – ја открива неговата улога: тој не е само сведок, тој е мост за легитимирање на „српскиот свет“ на македонска територија. Со дозвола на владата, секако.

Можеме да го наречеме Стоилковиќ „наивен играч“, што можеби и е, но прашањето е чиј играч? Бидејќи, да повториме, тој е вицепремиер на владата на Северна Македонија, и неговите учества на настаните кои подолу ќе ги наредам хронолошки, не се тајни, туку сосема транспарентни. И тоа не го прави како лидер на својата партија, туку како претставник на Владата, и на сите граѓани ( сакале тие или не)!

Мај 2023 – Конференција во Москва со Додик и српски функционери со анти-НАТО и анти-ЕУ обележја. Одговара ли ова на македонските стратешки интереси?

Јуни 2024 – Стоилковиќ го прими Додик во Министерството за меѓуетнички односи во Скопје. Симболика? Апсолутно. Директно легитимирање на неговата агенда – со амин од власта.

Јануари 2025 – Свеченост по повод Свети Сава во Скопје, говор на Додик, присуство на Стоилковиќ, и тишина од македонската политичка сцена.

Молк од страна на коалицискиот партнер ВЛЕН, но и на опозициската СДСМ. Од што се плашат?

Ова не е само недостиг на државничка одговорност – ова е соучесништво.

„Српскиот свет“ не е културна игра или верски проект. Тоа е стратешка операција. Денес преку паради, церемонии и симболика, утре преку институции и политички структури ( не сум сигурна за утре, повеќе е сега). И секој што молчи пред оваа провокација станува дел од бришењето на македонскиот идентитет, кој се брани со мечеви и копја од Бугарите и сите други, освен од браќата Срби!.

Настанот во Битола  не е изолиран. Тој е дел од континуирана, внимателно градена стратегија на Белград за позиционирање на „српскиот свет“ во Македонија, што не ниту тајна, ниту некој се обидува да ја прикаже поинаку, освен некакви млитави изјави…

За крај на овој текст, кој слободно може да се нарече „обид за краток прирачник за првачиња, за блиските светови околу нас“, упатно е да се каже дека прибегнувањето на актуелната влада кон заштита на идентитетот, кога се во прашање државните интереси и интересите на граѓаните, како што е членството во ЕУ и измените во Уставот, може да оцениме дека  е во процес на селективно умирање, кога е во прашање братска Србија.

Преземено: Цивил Медиа

Текстот е личен став на Авторката.
Next Post

Десетици илјади домаќинства во Берлин без струја по сомнителен пожар

Shortcut

Најново

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk