ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026 12:05
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Никола Спасов

Никола Спасов

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКОЛА СПАСОВ

Во повеќе од 15 години работа како политички консултант сфатив дека една работа тешко се менува. Тоа е убедувањето кај голем број политичари дека политиката е едно, а политичкиот ПР и комуникацијата е нешто друго. Дека политичарот ќе носи одлуки, ќе води политика самостојно, а некаде во друга соба има луѓе задолжени тоа да изгледа добро.

Не функционира тоа така.

ПР-от не е сервис за поправка на политички грешки

Добар ПР може многу работи. Може добра политика да ја направи разбирлива или комплексен закон да го претвори во едноставна порака. Може да препознае проблем пред да стане криза и може дури и да амортизира грешка.

Но она што не може, е континуирано лоша политика да ја претвори во добра.

Може еднаш да купи време или да ја смени темата, во одредени случаи да намали штета. Но ако политичките одлуки постојано произведуваат проблеми, ПР тимот не може ништо да направи.

Многу политичари прават една грешка а тоа е што ПР тимот го повикуваат откако одлуката е донесена. Тоа треба  да се прави уште во фаза на планирање. Не затоа што ПР тимот треба да ја води државата или да му кажува на политичарот каква политика да води. Ова е друга крајност која е уште полоша, но за тоа повеќе во друга прилика. Причината е едноставна – затоа што комуникацијата е составен дел од политичката стратегија односно тоа се два интегрирани процеси во еден. Тоа е дел од политичката интелигенција.

Само ваквиот пристап гарантира конзистентност меѓу одлуките, пораките и однесувањето. Конзистентноста е меѓу најважните одлики на добрите политичари и основа за градење доверба меѓу електоратот.

Довербата овозможува и правење повремени грешки

Акумулираната доверба овозможува јавноста да му поверува на политичарот дури и кога нема совршено објаснување, да прости помала грешка или да даде време кога се носат тешки одлуки.

Тој капитал се создава со доследност.

Политичар кој десет пати кажал едно, а направил друго, единаесеттиот пат може да има совршено подготвена порака и никој да не му верува. Друг политичар може комуникациски многу понесмасно да објасни нешто, но ако претходно изградил репутација на доследност, јавноста ќе му верува.

Кога капиталот ќе се потроши тогаш комуникацијата станува неефикасна. И за таквиот политичар нема добар ПР експерт. Бидејќи за секоја порака треба огромен напор, затоа што борбата веќе не е да се испрати јасна порака туку да се смени уверувањето дека на тој човек не може да му се верува.

Советот не смее да се доживува како ограничување

Многу политичари немаат природен политички инстинкт и не секогаш разбираат каков ефект врз јавното мислење ќе има нивното однесување или порака. Ова може да биде големо ограничување, но доколку политичарот е добар менаџер и ги препознае сопствените ограничувања, тоа не мора да е случај. Тогаш е доволно да најде луѓе од доверба кои ќе го советуваат и ќе бидат првите со кои ќе ги бреинстормира идеите.

Проблемот е што некои политичари секој совет го доживуваат како ограничување. За таквите клиенти можете да изградите огромен комуникациски систем околу него, но тој систем во најдобар случај ќе ја намалува штетата само на одредено време, но нема да создаде добар политички производ.

За крај, низ кариерата запознав и соработувам со многу меѓународни консултанти. Од соработката заклучив дека има два типа. Едни, кои добро ги препознаваат оние политичари кои се плашат од вистински совет и само им ги потврдуваат одлуките на секое ниво. И втората група, многу помала и поретка, кои се борат со клиентот, му контрираат и се вградуваат во одлуките уште во зачетокот. Ова е тешко, напорно и често води до губење клиенти. Но е исправно.

 


Никола Спасов е комуникациски стратег, истражувач и политички консултант.


Фронтлајн | идеи на првата линија

Next Post
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk