Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
А бе, Путин тепал во Русија!
Неверојатно, но вистинито.
Притоа соборил неколку светски рекорди: во излезност на гласачите, во број на освоените гласови и мандати, во парламентарното мнозинство кое е доволно за уставни промени и во влезот во Думата само на партии кои го подржуваат Рускиот цар.
Конечно, депутати станале и голем број ветерани на војната против Украина.
Лепота.
Човекот сега има нива политичка елита која ќе му овозможи војната против Украина и против Европа да ја тера сѐ до безусловната капитулација и распад на империјата.
Дали ќе го бесат – тоа ќе се види подоцна.
Накнадната проверка на штабот во Кремљ покажала дека резултатите се исти со тие што биле напишани и нацртани на таблата во кабинетот на Владимир Владимирович пред да биде даден знак за почеток на гласањето за Путин.
Јасно било ставено на знаење дека оние што нема да гласат или ќе гласаат против Путин. Ќе наебат.
Никој не знае зошто е оваа фарса.
Путин утре може и формално да се прогласи за цар и да не ги заебава луѓето кои наместо да гинат за татковината на фронтот во Украина мораа да ги положат своите животи на гласачките места или во електронското гласање.







