ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мета: Албанија не е ѓаволска туку демокрaтска земја чија светост се човековите права

„Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија ги повикува сите албански државјани да избегнуваат патувања кон Блискиот исток во земји со високи тензии, Иран, Ирак. Албанските државјани кои во моментов се во Иран или Ирак, а на кои им е потребна помош, се молат да контактираат со амбасадите на Република Албанија во Кувајт и Турција, се наведува во соопштението.

January 8, 2020 21:50
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија не е ѓаволска, туку демократска земја, која страдаше од невидена ѓаволска диктатура, па затоа човековите права за неа се светост.

Вака,албанскиот претседател Илир Мета ја искоментира изјавата на иранскиот духовен водач Али Хамнеи, кој Албанија ја прогласи за непријател, додавајќи дека таа е како „ѓаволска земја која ги подржува нивните противници“.

Порача дека за две децении, Албанија останува цврсто посветена да ги поддржува Соединетите амеркански држави и земјите од НАТО во борбата против меѓународниот тероризам и каков било чин што ја загрозува стабилноста и мирот во светот.

Претседателот Мета го нарече „провокација со опасни последици за стабилноста во регионот“ иранскиот ракетен напад врз двете американски бази во Ирак.

„Ракетите испукани од Иран кон две ирачки воени бази, во кои се сместени американски воени сили и персонал на коалицијата, се провокативен потег со опасни последици за регионот и нејзината стабилност. Иран мора да ги почитува меѓународните договори, меѓународните закони и неговите обврски во интерес на мирот, смета албанскиот претседател Илир Мета.

Претходно, премиерот Рама изјави дека иранските муџахедини во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција.

Во комуникација со албанските новинари, Рама од Виена додаде дека хуманитарниот став за иранската опозиција во Албанија е напишан и во договорот.

-Како прво, ова е тема и прашање кои не е нови за нас во однос на Иран. Ние презедовме акција што е чест за Албанија, а е во продолжување на албанската традиција и продолжение на една стратешка алијанса со САД да ги отвори вратите за група луѓе чиј живот е во опасност. Како што пишува и во договорот, тие во Албанија се во рамки на хуманитарна, а не на политичка операција, рече Рама.

Албанското МНР ги повика граѓаните да избегнуваат патувања во Иран и во Ирак

Албанското министертво за Европа и надворешни работи реагираше по заканите од Иран и прогласувањето на Албанија за непријател, како „ѓаволска земја која ги подржува нивните противници“.

Во соопштението се наведува дека по последните случувања патувањето во Иран и Ирак треба да се избегне.

„Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија ги повикува сите албански државјани да избегнуваат патувања кон Блискиот исток во земји со високи тензии, Иран, Ирак. Албанските државјани кои во моментов се во Иран или Ирак, а на кои им е потребна помош, се молат да контактираат со амбасадите на Република Албанија во Кувајт и Турција, се наведува во соопштението.

Иранскиот духовен водач Али Хамнеи откако ја прогласи Албанија за непријател, ја нарече една многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република.

Албанскиот премиер Еди Рама пак, изјави дека иранските муџахедини во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција и оти неговата земја не е изложена на потенцијална закана како резултат на иранско-американската конфронтација.

Со ист став е и министерот за дијаспора и поранешен албански премиер и екс министер за одбрана Пандели Мајко.

Next Post

ТЕЛМА: Повеќе десетици Македонци се во двете нападнати бази во Ирак

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk