ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кирацовски со предлог закон за незастарување на кривичните дела сторени со злоупотреба на службената должност

Пред извесно време, поради истекување на рокот од шест години без правосилна судска пресуда и настапување на апсолутна застареност за кривичното дело „Траекторија“ се беше спасил симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, пишува пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски „Тоа беше капката која го прели пехарот на неправдата и која од сите нас побара соодветна реакција. Токму затоа, како пратеник во Собранието на нашата Македонија, тогаш ветив, а денес поднесувам Предлог- закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој кривичните дела сторени со злоупотреба на службената должност (особено од избрани и именувани лица – функционери), нема да застаруваат лесно

January 9, 2020 11:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Правда мора да има, а 2020 нека биде токму година на правдата и праведноста.

Пред извесно време, поради истекување на рокот од шест години без правосилна судска пресуда и настапување на апсолутна застареност за кривичното дело „Траекторија“ се беше спасил симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, пишува пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски.

„Тоа беше капката која го прели пехарот на неправдата и која од сите нас побара соодветна реакција.

Токму затоа, како пратеник во Собранието на нашата Македонија, тогаш ветив, а денес поднесувам Предлог- закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој кривичните дела сторени со злоупотреба на службената должност (особено од избрани и именувани лица – функционери), нема да застаруваат лесно.

Со предлог законското решение се претпочита измена на кривичниот законик со што периодот на апсолутната застареност, заради заштита на општествениот интерес, се зголемува за една третина од моментално пропишаната, односно „застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине трипати онолку време (наместо актуелно – „двапати’’ онолку време) колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“.

Дополнително, во законот се додава нов став кој гласи „Ако пред истекот на роковите од членот 107 став (1) точки (1), (2), (3), (4), (5) и (6) од овој закон е донесена првостепена пресуда застареноста на кривичното гонење се продолжува за две години, со што исто така се оневозможува брзо застарување на кривичните дела по донеување на првостепена пресуда.

Доколку се погледне статистиката на застарени предмети најчесто застаруваат делата од триесеттата глава од Кривичниот законик односно кривични дела против службената должност, односно оние чии последици најмногу се рефлектираат на нашата држава.

Најголем број од забелешките во извештаите кои Република Северна Македонија ги добива од меѓународните партнери се однесуваат токму на оваа сфера односно на владеењето на правото, одолговлекување и застарување на постапките и неселективна правда.

Најзначајниот сегмент од донесувањето на овој закон е тоа што со него ќе се зголеми рокот за кој, во секој случај, може да застарат делата кои се однесуваат на службената положба, а со кои се нанесуваат огромни штети на државата за сметка на остварување на имотна корист на поединци.

Со ваквиот предлог ќе се спречи злоупотреба на институтот апсолутна застареност на сметка на владеењето на правото и заштита на јавниот интерес.“, потенцира пратеникот Кирацовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk