Заменик министерката за информатичко општество во техничката Влада, Невенка гламурозна администрација Стаменковска во 2014г. беше главен координатор на економските оператори за привлекување на странски инвестиции, преку кои Владата на ДПМНЕ и Груевски потроши над 30 милиони евра за шетање низ Светот, а од странските инвестиции нема ниту трага ниту глас.
Меѓу најголемите „успеси” на „гламурозна администрација” министерката во привлекувањето на странски инвестиции се:
„Сахара Груп” – 20.000 крави на Субрата Рој
Печуркарата во Свети Николе која требаше да вработи 450 лица од Свети Николе
„ВЕИБО ГРУП” која требаше да отвори 5.000 работни места во Крива Паланка
„СТС Текстајл”, германска инвестиција која требаше да вработи 1.000 граѓани од Демир Хисар
„ИНОФРУТ”, холандска инвестиција која требаше да вработи 530 лица од Богданци и Дојран
„ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС”, американска инвестиција која требаше да отвори фабрика во Бунарџик и да вработи 380 лица
„СТИЗА”, фабрика за производство на чипс, која требаше да вработи 300 лица од Битола
„ЕРА СИТИ” унгарска инвестиција која требаше да инвестира 160 милиони евра во градежништвото
„МОНТИПЕ”, француска инвестиција која требаше да вложи 75 милиони евра во автомобилската индустрија
„ШИШЕЏАМ”, турска инвестиција за производство на стакло која требаше да вработи 300 лица
„МАДЕРСОН ГРУП”, индиска инвестиција за производство на ретровизори која требаше да вработи 240 лица
„КОФИКАБ” туниска инвестиција која требаше да инвестира 10 милиони евра и вработи 150 лица
„ЕЛАН ПРОПЕРТИС” британска инвестиција која требаше да инвестира 45 милиони евра во градежништвото
„ЕНЕРГИЈА ИНВЕСТ” украинска компанија која требаше да вложи 18 милиони евра и вработи 250 лица
Ова се дел од стотиците најавени и никогаш остварени странски инвестиции кои Груевски и Невенка Стаменковска помпезно ги најавуваа. Груевски и Стаменковска потрошија милиони евра за економски оператори кои во Македонија не донесоа ниту 1 денар странски инвестиции и нови вработувања.
Ова ли се успесите на Стаменковска? Ова ли се новите лица кои треба да направат “обнова” на Македонија?
Пишуваат Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ на својата Фејсбук страна.