Агенцијата „Блумберг“ објави сателитски снимки кои, наводно, претставуваат последици од иранскиот ракетен напад на базата Ајн ел Асад во Ирак.
Иран притоа користеше наведувани ракети, а Техеран намерно го изведе нападот за Американците кои беа во базата да не бидат повредени, наведува агенцијата.
Претходно, американските претседател Доналд Трамп обраќајќи се на нацијата рече дека Вашингтон ќе воведе нови економски санкции за Техеран.
Американскиот лидер нагласи дека нема намера на иранските напади да одговара со помош на војската. Спомна дека никој не е повреден, а дека инфраструктурата на воените бази претрпе помали штети.
Иран на 8 јануари ракетираше две американски воени бази во Ирак како одмазда за американската операција во Багдад на 3 јануари, во која загина иранскиот генерал Касем Сулејмани.
PHOTOS: New images show the Iraqi military base following a missile strike by Iran https://t.co/sxvOxoXX5g pic.twitter.com/b19RCacJoc
— Bloomberg (@business) January 8, 2020