Австралиски црни статистики: Животот го загубија 28 луѓе до 8 јануари. Изгореа 10 милиони хектари со шуми, грмушки и паркови. Исгореа околу 6.000 градби од кои повеќе од една третина беа живеалишта. Околу една милијарда животни (од гуштери до птици) се проценува дека ги голтнал пожарот. Некои ретки животински видови веројатно се исчезнати засекогаш.
Два мега пожари се спојуваат на териториите на најгусто населените сојузни држави Нов Јужен Велс и Викторија во текот на викендот. Се очекуваат топли денови, без дожд, а со грмотевици.
Австралија се соочува со огнената катастрофа од септември минатата година.