Закон за работни односи е уште во работна верзија, поради закажаните избори, а според најавите содржи и одреден бројот на договори на определено што може да ги има во една компанија, а тоа според синдикатите ќе им даде поголема сигурност на работниците, пренесува 24 вести.
Од Сојузот на синдикати велат дека преговорите за Општ колективен договор за приватниот сектор се почнати, но тешко се седнува на маса со дел од бизнисот. Од здружението Гласен Текстилец, пренесува 24 вести, велат дека веќе се поднесени пријави за прекршувања за исплата на к-15, а околу први февруари ќе се има и појасна слика околу тоа колку фирми се обиделе да го изиграат законот за исплата на минимална плата.