ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Барањата на Ахмети се единствен стратегиски концепт

October 6, 2024 09:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Додека македонскиот народ купува акции во „Стандард и Пур“ со парите од покачувањето на пензиите и прави торти за прослава на тој милосрден чин што  Македонците во години ги натера да плачат ко деца, а владата и власта се однесуваат како тукушто излегнати желчиња кои по плажата на Историјата трчаат кон светлата на околните хотели и вили, значи кон смртта, а не кон животот во светлината на морските бранови, Али Ахмети се занимава со генерална политика испорачувајќи пет барања за петте најважни теми за Северна Македонија.

Неговите барања може да се мотивирани со идејата да се врати на власт, но тоа не ја спушта важноста на неговите идеи, туку ја зголемува до нивото на единствен политички мислител и притоа доктор кој има лекови и магии со кои може да ја спаси жална Македонија од вмронската чума.

Така пеевме, се сеќавате?

Е, добро, не се вика Гоце, но јас не гледам друг што се обидува концепциски да ја пропади чумата.

Независно од некои валканици во неговиот багаж.

Обратно, имам впечаток дека сите други се органи на чумата.

Неговите барања може да се насочени и кон дестабилизација на државата, омилена интерпретација на медиумскиот хор на глупавите со лајот на вморонските песови, но и да е така, тоа само додава нова вредност на неговата идеја, затоа што таа дестабилизација е единствениот спас од смртоносната прегратка на власт на чипираните идиоти на вмро-дпмне и на неговите партнери.

Тие кои го обвинуваат за дестабилизација уживаат како крастави жабетини во водата која полека се загрева на шпоретот на вмро.

Луд свет!

Не постојат докази дека тие се луѓе, а има безброј докази дека не се.

Кои се фамозните барања на Ахмети?

Лидерот на ДУИ ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и на другите.

Мислите дека нема понижување на Албанците и на сите други.

На нормалните од сите заедници – посебно!

„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграции без никакво одлагање и без никакви двоумења, како единствена алтернатива за нашата земја. Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг. Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години. Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес. Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и на заедниците.”

Напишал Ахмети на Фејсбук.

Ги поддржувам сите  барања.

Јас знам дека тие се неостварливи или се тешко остварливи, повеќето или сите, не се по ќеиф на повеќето Македонци, но јас ги поддржувам не само затоа што мислам дека се единствена вредна нова рамка за македонската слика, туку, имено затоа што се такви или изгледаат такви – неостварливи. Јас сум длабоко уверен дека само светлата што ги пружаат тие ориентири, тие неостварливости, можат да нѐ одлепат од денешната кал во која свесно и систематски нѐ држи вмро и да нѐ однесат во убави перспективи.

Освен тоа, многу добро знам дека вистинските решенија се секогаш спротивни на мнозинското мислење на Македонците.

Да, да, да!!!

Хахаха!

Праксата на дневна критика на политиките на власта, на разни досетки и исмевања, на продукцијата на афери во кои се похуваат Мицко и неговите говњари, не е доволна за пресврт на ситуацијата.

Обратно, тие пракси не го возбудуваат граѓанството, туку го тераат да се прилагодува на ненормалноста и да ја прифаќа како нормалност.

Единствени стратегиски погледи зад хоризонтот затрупан со милион глупости, се овие што се формулирани во петте барања на Ахмети.

Тој го нема интелектуалниот капацитет на Арбен Џафери, но го има политичкиот интелект и способноста за стратегиски размислувања какви што на македонската етничка страна – нема!

Македонците се националисти и опортунисти, односно опортунистички националисти и празнословни брбљатори.

За жал.

Тоа е погонското гориво кое го забрзува нивниот историски автобус кон бездната на исчезнатите.

Значи, евроинтеграции веднаш и без одлагање.

Во врска со тоа е и апелот за излегување на влен од власта, меѓу другото, затоа што и самите имаа ветувања и барања во таа насока.

Мислите дека е подобра идејата на Мицко да ја чекаме новата бугарска влада и да и да преговараме за подобри решенија во наредните илјада години?

Јас мислам дека така можат да мислат само луѓето со испран мозок или будалите.

Ветинг за сите функционери!

Имате нешто против Лигњата да се симне од екраните и од државната каса?

Или Мицика и Пацика?

Проверка на имотот на сите носители на јавни функции во последните 33 години.

Или вие мислите дека тука сѐ е чисто и нема што да се проверува?

Истрага за приватизацијата во која имаше низа свињарии и во која, меѓу другото, Албанците беа закинати!

Какви се вашите забелешки по оваа прашање?

Истрага за процесите низ кои е формирана олигархијата.

Сигурен сум дека повеќе клучни фигури можат да бидат спокојни, но мнозинството се резултат на криминални, партиски, роднински или политички злоупотреби.

Конечно, почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и на заедниците.

Ова е, всушност, барањето на Ахмети да се почитува мнозинската воља на албанските гласачи и второ меѓуетничката композиција на институциите согласно изборниот легитимитет би значело дека дуи треба да биде партнер во владата затоа што е релативен победник кај Албанците.

Океј.

Сигурно е дека некои од барањата можеме да ги посматраме како блеф, односно со свест за тоа дека таа работа во актуелнава констелација не ја бива, некои како партиски интереси на дуи, но општо земено, кога на овие барања би ги додале идеите за авторефлексијата на Македонците во поглед на историјата и културата, заедно со клучната тема за девмровизацијата како битен процес за опстанокот на Македонците како посебна нација, значи, за ревизија на нивниот неодржлив светоглед, ќе дојдеме до целината на тоа што треба да направиме за однапред.

Тоа дека министерот, забравам му го името, и вмро, ќе спречат секаква дестабилизација, фрлете им го на кучињата и мачките покрај контејнерите. Тие се зафатени со спречување на евроинтеграциите и ако оценат дека дестабилизацијата може во тој поглед да помогне – ќе ја поддржат!

Хахаха!


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АхметиветингВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИМицкоски

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk