ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Нема случај „Рекет 3“ тоа е фикција на опозицијата

Вложивме огромни напори во изминатите две години проектот КБ Штип да го доведеме до крај

January 11, 2020 15:31
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Во фикцијата на опозицијата така наречена „случај Рекет 3” – нема случај! Партијата која носи предзнак на најголем криминал продолжува со старата практика – со создадени случаи да ги манипулира граѓаните. Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство по институционален пат ги отфрли сите обвинувања во врска со паушално објавените наводи поврзани со реализацијата на проектот за изградба на КБ Штип – се по фактографска ретроспектива. Во моментот кога стапив на функцијата министер за здравство, пред само две години, затекнав целосно застанат проект за изградба на болницата во Штип, затекнавме непотполн проект на кој што недостасува една цела фаза на електрика во машинството, се наведува во соопштеието на министерот за здравство Венко Филипче.

„Во таа смисла, сакам да потенцирам дека дополнителните 7 милиони евра со кои опозицијата денеска по којзнае кој пат проба да создаде медиумски процес, и кои се предвидени за изградба на КБ Штип не се за зголемени трошоци, туку се неопходни заради имплементација на фаза на електрика во проектот за машинство. ВМРО-ДПМНЕ пушти во реализација проект без една од суштинските фази на секој објект, без кој што болницата не би можела да функционира! Користејќи ја нивната неспособност и пропусти сега сакаат да ја доведат целата јавност во заблуда! Имено, во ваква затекната ситуација на објект кој е од јавен интерес за сите граѓани, продолжување со работите и завршување на објектот како функционална болница беше единствена опција. Второ, сакам да потенцирам дека во ниту една јавна набавка, Министерството за Здравство нема никаков формалноправен однос со фирмите подизведувачи (во овој случај тоа е фирмата “Бетон” Штип). Следствено на тоа Министерството нема примено банкарска гаранција од подизведувачот Бетон Штип, туку банкарската гаранција е на име на фирмата изведувач на овој објект “Интракат”. Од моментот на потпишување на договорот па се до денешен ден, постои валидна и активна банкарска гаранција која е на име на изведувачот „Интракат”. Ова е ноторна лага која ја пласира ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Трето, вели Филипче,  долготрајните и строги процедури на кои што подлежи постапката за обезбедување на кредит од развојната Банка на Советот на Европа не дозволуваат отстапки во делот на Изведувачот – промена на Изведувачот и промена на банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите. Фирмата изведувач на КБ Штип е фирмата “Интракат“ и истата од моментот на потпишување на договорот има депонирана валидна банкарска гаранција.

„Уште еднаш, ја користам оваа прилика да ве известам дека сегашната Влада работи исклучиво во правец на решавање на длабоко проблематичните проекти започнати пред повеќе години. Од друга страна, еден од нашите основни приоритети е подобрување и зајакнување на здравствениот систем преку создавање на подобри услови за лекување. На тоа работиме и има евидентни резултати – не статистички, туку реални! И токму поради тоа, вложивме огромни напори во изминатите две години проектот КБ Штип да го доведеме до крај. Тоа сите го заслужуваме, ние лекарите подобри услови за работа, а граѓаните соодветни услови за добивање медицински услуги во болниците“, потенцираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Next Post

ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk