ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР: 45 компании аплицираа по скратена постапка – вкупен обем на инвестиции 8,8 милиони евра

Јавниот повик по скратена постапка беше отворен од 13 до 27 декември 2019 година. Повикот за кофинансирани грантови за технолошки развој по редовна постапка останува и понатаму отворен до 05 февруари 2020 година. 

January 11, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Четириесет и пет домашни компании ја искористија можноста да аплицираат преку новововедената скратена „Fast track“ постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР.

Компаниите од Фондот побаруваат 2 милиони и 750 илјади евра, што е речиси 92 отсто од вкупниот буџет наменет за овој повик во рамките на скратената постапка кој изнесува три милиони евра. Вкупниот обем на инвестиции е 8,8 милиони евра од кои над 6 милиони се инвестиции на самите компании, со оглед на фактот дека со овој повик Владата обезбедува до 30 проценти, а останатите 70 отсто се влог на компаниите.

Најголем дел од компаниите апликанти се мали (24) и микро (17) претпријатија,  додека останатите се средни (4). За потребите на инвестициите за микро претпријатија и микро ПЗУ финансирањето изнесува максимален износ од пет милиони денари, додека  за мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи ќе биде овозможено финансирање во максимален износ од 10 милиони денари.

Компаниите апликанти се речиси од целата земја, меѓу кои во најголем дел од Скопје, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Тетово и Гостивар. Нивните проекти со кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области од кои доминантно во секторот, трговија и продажба, како и маркетинг, земјоделие, градежништво, енергетика, угостителство и медицина.

Според Правилникот за аплицирање по скратена постапка овие проекти одат директно во фазата на финална селекција во која крајната одлука ја носи Комитетот за одобрување на инвестиции. Комитетот ќе заседава кон крајот на јануари, а ова ќе биде прва седница на Комитетот во нов состав, со новоизбраните членови Ноел Грегор Патерсон Џорџ од Велика Британија и Вибху Шарма од Холандија. Двајцата се експерти од областа на иновации и нови технологии.

Тие се именувани од Владата на Република Северна Македонија, а се избрани на јавен меѓународен оглас кој беше распишан во септември 2019 поради истекот на двогодишниот мандат на двајца од вкупно пет членови на Комитетот. Во постапката за избор на членовите на КОИ, по иницијатива на Фондот, за првпат беа вклучени и претставници на стопанските комори.

Компаниите и нивните инвестициски предлози ќе се оценуваат според пет категории: технолошки напредок, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на проектниот тим и влијание на проектот.

Инаку, Фондот ја вовде скратената постапка со цел олеснета процедура за апликантите кои ја поминале фазата на административна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање. Од овој повик, па во иднина овие апликанти можат повторно да аплицираат на јавен повик со истиот, односно подобрен предлог проект, со што се намалуваат и трошоците за компаниите, но и на Фондот, а  значително се намалува времето од аплицирање до конечната одлука на Комитетот.

Јавниот повик по скратена постапка беше отворен од 13 до 27 декември 2019 година. Повикот за кофинансирани грантови за технолошки развој по редовна постапка останува и понатаму отворен до 05 февруари 2020 година.

Next Post

Како стигнавме до 12 април 2020: Избори наместо ден на граѓанскиот отпор

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk