ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како стигнавме до 12 април 2020: Избори наместо ден на граѓанскиот отпор

Оваа 2020 повторно ја почнуваме со избори, повторно предвремени парламентарни, повторно со техничка влада, според Пржинскиот договор и повторно со низа деструктивни елементи што секогаш имаат тенденција за создавање политичка криза, од која веруваат дека „како феникс“ ќе се издигне нивната опција.

January 11, 2020 11:29
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Несомнено еден од најзначајните денови во поновата историја на Северна Македонија, освен името, НАТО, добрососедството со Бугарија, преговорите за ЕУ и можеби пречекот на Папата Франциск, секако беше 12 април 2016 година како тригер за промените во земјата.

Ако размислиме, и судбината со името, НАТО, договорот со Бугарија, не толку пречекот на Папата, колку СЈО „Рекет“, социјалните реформи и низа други крупни политички и општествени процеси, некако нѐ враќаат на тој датум.

А, сите добро се сеќаваме што точно се случи и зошто.

Аболиција, граѓани на улица, полиција во фул опрема и оружје, со наредба да тепа, активисти зад решетки , од #Протестирам до Шарена Револуција. Една пролет и едно лето што урнаа еден режим во име на демократијата, еднаквоста, слободата или она малку подоцна што владата го именуваше како општество за сите.

Од тој 12 април 2016 година, до овој што допрва нè чека, во интервал од само четири години, како држава успеавме да спроведеме четири изборни процеси: предвремени парламентарни избори во декември 2016, редовни локални избори во октомври 2017, историски Референдум за името во септември 2018 и претседателски избори во април 2019.

Оваа 2020 повторно ја почнуваме со избори, повторно предвремени парламентарни, повторно со техничка влада, според Пржинскиот договор и повторно со низа деструктивни елементи што секогаш имаат тенденција за создавање политичка криза, од која веруваат дека „како феникс“ ќе се издигне нивната опција.

И наместо 12 април да го славиме и одбележуваме како Ден на граѓанскиот отпор, како потсетник за сите борби, заложби, барања, на еден мирен, граѓански начин, под жестоката палка на режимот, ние ќе одлучуваме, нели, на истиот демократски начин, да си го задржиме правото на одбележување и правото да излеземе на улица. Затоа што така му одговара на Христијан Мицкоски и неговиот газда во Будимпешта.

Се изборивме за демократија, се изборивме за решавање децениски проблеми со Грција и Бугарија, се изборивме да бидеме достојни за ЕУ и да влеземе во НАТО, со сите опструкции, закани, тепање новинари, тепање и обиди за ликвидација на парламентарци, да имаме кој да се бори со корупцијата и криминалот, се изборивме за глас, конструктивност, отвореност и транспарентност, за повисоки минимални примања, за подобра социјална заштита… и уште се бориме.

И на еден поинаков 12 април, со поинакви граѓански побарувања, единствено што ни преостанува е да продолжиме да се бориме. Или да пружиме отпор. Без компромиси, без страв. Ако сакаме да ја видиме и доживееме Европа, ако сакаме да не бидеме слепи, глуви и неми додека некој ни го толчи достоинството и ни го јаде животот.

12 април беше и нека остане – Ден на граѓанскиот отпор.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk