ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

May 14, 2026 10:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и бара негово итно стопирање за да не биде проследен до Собранието. Според нив, донесувањето на овој закон претставува директен обид за затворање на легалните приредувачи, монополизација на индустријата и отворање на нелегално обложување според примерот на соседна Албанија.

Од АСОМ изразуваат шок од нетранспарентноста со која, како што велат, се турка овој закон. Тие посочуваат дека Владата го усвоила новиот предлог-закон на седница одржана на 12 мај 2026 година, без претходна објава на ЕНЕР и без никакви консултации со легитимните претставници кои опфаќаат 95% од пазарот.

Според предупредувањата на Асоцијацијата, ефектите од евентуалното носење на овој закон ќе бидат катастрофални за економијата. Предлог-законот ќе значи затворање на над 10.000 директни и повеќе од 50.000 индиректни работни места поврзани со оваа индустрија, додека државниот буџет ќе изгуби повеќе од 280 милиони евра на годишно ниво. Дополнително, затворањето на објектите ќе предизвика крах на пазарот на недвижности, бидејќи повеќе од 800 објекти кои моментално се под закуп ќе останат празни.

„Со уривањето на легалната индустрија, Владата свесно ја отвора вратата за нелегалното обложување“, предупредуваат од АСОМ. Тие сметаат дека затворањето на легалните објекти нема да ја намали желбата за игра, туку ќе ја префрли во нелегалните онлајн платформи и темните подруми кои се надвор од институционална контрола.

Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците. Од АСОМ укажуваат дека во такви нерегулирани услови на црниот пазар, кој не познава правила ниту етика, малолетниците ќе бидат најизложени на ризик. Како доказ за тоа се посочува Албанија, каде по слични забрани брзо се отвориле многу нелегални објекти, што резултирало со пораст на криминалот и ставање на играчите во ризик.

Од Асоцијацијата реагираат и на предвидените астрономски давачки во законот. Тие тврдат дека овие давачки се дизајнирани со единствена цел – финансиско исцрпување и банкрот на приредувачите. Исто така, АСОМ остро се спротивставува на монополизирањето на приредувањето игри на среќа преку интернет, каде според предлогот, исклучивото право ѝ се доделува на државата. На овој начин државата целосно ги исклучува лиценцираните приредувачи од онлајн пазарот.

На крајот, од АСОМ порачуваат дека нема да дозволат уништување на легалната индустрија на сметка на нелегалната и ќе се борат со сите расположливи капацитети. Доколку Владата не го повлече законот за да се донесе функционално европско решение низ дијалог, Асоцијацијата не исклучува можност за организирање масовни протести.

Next Post

Луциден сон со нова песна и видео спот „И пак те нема“

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk