ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

May 17, 2026 14:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо.

Седумнаесетти мај беше кулминација на силно изразените, волја, мотив и надеж на граѓанството; тие овозможија тло за така јасно и одлучно да се покаже високиот степен на граѓанска свест и одговорност.

Честопати кога се навраќам на овој ден, го истакнувам граѓанскиот карактер на тој протест, бидејќи навистина го сметам за најважен и најпотребен за развивање и одржување здраво општествено ткиво.

Но, денес, во ова време кога сме целосно потопени од апатија и безнадежност, сметам дека соодветно на приликите за 2026 година е да направам една ретроспектива на сѐ што му претходеше на тој најмасовен протест во историјата на самостојна Македонија, со над 100.000 демонстранти.

Оти сметам дека токму во тие случувања во минатото лежат скапоцени лекции за тоа што треба да правиме сега и во иднина.

А, #Доаѓаме е плодот на долготрајна, макотрпна и самопожртвувана опозициска борба која траеше најмалку седум години. Таа борба започна партиски и нема ништо срамно да се каже тоа. Впрочем, должност на секоја одговорна опозициска партија е да го организира и мотивира прво своето членство да се спротивстави на она што не е во ред, па преку својот партиски опозициски пример за бескомпромисна борба против штетниците на власт, да ги мотивира граѓаните. Граѓаните знаат да препознаат кога зад партиските активности стои една искрена, чиста идеја, поткрепена со слога, единство и жестока одлучност. Тоа не се постигнува од денес за утре, туку со многу мака, со посветена и самопожртвувана работа заснована на суштинска борба која трае со години.

Оти за да излезат над 100.000 во 2015 г., прво мораше да излезат десетици илјади на 27 јуни 2010 г., да го викнат Никола да излезе, да си го види народот; па есента по 10.000 на 11 октомври во Прилеп и на 21 ноември во Штип да го повикаат на избори, па во декември истата година да ја направат „Партизанска полна ко око, од Тифани до Симпо,“ за да се побунат против тогаш скорашниот насилен упад во независен медиум.

И иако тие собири не го бутнаа режимот, сепак создадоа атмосфера за протести, создадоа опозициска енергија, покажаа дека има многу луѓе во оваа земја што се подготвени да излезат и на улица да го изразат своето незадоволство, колку и да тоа беше ужасно опасно во режимско време.

Ама, таа протестирачка енергија продолжи многу наскоро со кревање глас цело работно лето насекаде низ земјава, па со славниот Отпор и граѓанските парламенти, за кратко подоцна да се охрабрат многу непартиски луѓе да излегуваат на граѓански протести, да се создаваат граѓански движења. Против полициска бруталност, против тогашниот закон за абортус, против поклопеното судство, против режимот.

И затоа кога почнаа да се објавуваат „бомбите“ почна да прекипува. Оти веќе имаше создадена енергија, но и механизми за незадоволството успешно да се канализира во конструктивни акции и граѓански активизам.

За да стигнеме до таму, некои се жртвуваа, борејќи се за „изгрејсонце кое никогаш нема самите да го видат” Но, свесни дека со правилна работа и паметни потези, лека полека, едно по едно, граѓанската свет и надеж ќе растат сѐ повеќе.

Имам многу фотографии од тој, вака на зборови релативно краток, а во реалност многу долг опозициски период. Оти нема протест или каков било антирежимски настан што сум го пропуштила. И многу сум горда на тоа.

А, сепак, не се осмелувам да ги објавам повеќето од фотографиите. Не за друго, туку затоа што истите се полни со (тогашни) младинци кои денес пораснаа во разочарани и обесхрабрени луѓе. Оние коишто не добиле ништо лично, а не ни барале нешто за себе. Оние коишто излегувале на протести затоа што сакале да видат правда. На тоа поле најмногу се потфрли.

Но, нека стои постов како паметник, но и како збир на лекции за тоа како да се води опозициска борба, како да не се кршат ветувањата, како довербата ужасно тешко се освојува, а прелесно се губи.

Ако некогаш смогнеме сили да ги научиме тие лекции, верувам дека ќе дојде денот кога сите слики со сите, сега разочарани, другарки и другари ќе можат да бидат објавени, оти и тие конечно ќе знаат дека вредело.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторката

Next Post

Малта нуди бесплатен пристап до ChatGPT Plus за сите свои граѓани

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk