Фудбалерите на Барселона настапија со специјални дресови на натпреварот против Њукасл, во рамки на иницијатива посветена на подигнување на свеста за Дауновиот синдром.
Дресовите беа со посебен флокинг и типографија изработена од Ана Вивес, млада каталонска уметница со Даунов синдром.
Иницијатива на фондацијата на Барселона
Акцијата е организирана од Фондацијата на Барселона, со цел да се привлече вниманието на јавноста кон Светскиот ден на Даунов синдром, кој се одбележува на 21 март.
Со оваа симболична порака, клубот испраќа поддршка за инклузијата, прифаќањето и еднаквите можности за сите.














































































































