Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.
“Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист, a тој е до првиот квартал 2027 година. Ќе го завршиме во тој рок и тој рок не беше зададен од нас, беше зададен од Владата која ништо не работеше и даваше само рокови. Во првиот квартал од следната година ќе имаме функционален автопат од Охрид до Киечво. Во однос на траста од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, рокот е 2029 година. Истиот рок е и за автопатот Прилеп – Битола со што таму очекуваме едната лента да биде готова првата половина од 2027 година”-изјави вчера вицепремиерот Николоски.
– Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија – напиша вицепремиерот Николоски.
Линк од видеото: https://www.facebook.com/share/r/18bKN5bzi5/







