ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026 13:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АЛЕКСАНДАР ИВАНОВ

Ако внимателно се анализира законското решение за управување со кризи, ќе видиме дека наместо да биде краен безбедносен инструмент, тоа во суштина се претвори во системски мултипликатор на ризици за корупција.

Во политичко-правната теорија, „состојбата на исклучок“ се користи за брза заштита на јавниот поредок со привремено отстапување од правилата. Кај нас, пак, кризната состојба стана алиби за буџетска комоција и институционална летаргија.

Што всушност се случува кога државата ќе прогласи кризна состојба?

Законски се „отклучува“ можноста за пренамена на буџетски средства, користење државни резерви и најважното – спроведување на скратени и итни постапки за јавни набавки.

Иако овие постапки треба да се третираат како тесно дефинирани и условени од факторот на „крајна итност“ и непредвидливост, во пракса тие драстично ја намалуваат конкуренцијата.

Кога итноста ќе стане најбрзиот пат за трошење државни пари без доволна јавна трага (објавени договори, образложенија, контроли), системот целосно го губи стимулот да инвестира во превенција и одржување. Зошто некој би планирал редовни, транспарентни набавки, кога може да почека кризата да ескалира и да набавува директно?

Ова е класичен пример за она што во социологијата се нарекува „организирана неодговорност“ – систем дизајниран така што имаме совршено чиста документација за итност, но нула оперативна ефикасност и катастрофални резултати на терен. Цената на оваа неодговорност математички се фактурира во милијарди денари државна штета.

Само да се потсетиме во каков континуиран „исклучок“ живееме изминатава деценија:

  1. Мигрантската криза (од 2015 наваму) – континуирано продолжувана со години, со милионски набавки за логистика преку итни постапки.
  2. КОВИД-19 (2020-2021) – масивни итни набавки во здравството и логистиката.
  3. Енергетската криза (2021-2023) – стотици милиони евра буџетски средства прелеани преку итни договори во енергетскиот сектор за струја, јаглен и мазут.
  4. Шумските пожари (2021, 2024, 2025) – изнајмување механизација, кетеринг и гориво во „5 до 12“, секоја измината година.

Исклучокот, кој требаше да биде привремен механизам за спасување на државата, се претвори во навика што го поткопува системот – финансиски и институционално.

Се додека толерираме ваков организациски дизајн каде одговорноста се губи во преводот меѓу институциите, ќе имаме систем кој генерира кризи, наместо отпорно општество.

Во овој контекст, дали воопшто треба да нè изненадува денешната вест дека не се најдени основи за одговорност за договорите поврзани со Капушевски и Ковачевски? Апсолутно не – кога самиот закон преку институтот „кризна состојба“ дозволува легално суспендирање на транспарентноста и склучување договори во четири очи, правно-формално сè е „чисто“, што го прави овој механизам совршен штит за легализирана, организирана неодговорност.

 


Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Next Post

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk