ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026 14:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да тие се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање околу главните предизвици во двете години од мандатот, кое беше поставено во текот на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“.

„Успехот е мерлив ако зборуваме емпириски, ако не создавате нови проблеми во вашето време, бидејќи и ова ваше време еден ден ќе заврши и вие ќе заминете од политиката и да не оставите такви проблеми на генерациите кои што доаѓаат. А вештината да решите многу од тој товар од минатото вас ќе ве направи успешен повеќе или помалку. Тоа е суштината“, подвлече Мицкоски и додаде:

„Минатата беше година која што ја одбележа оној ужасен настан во Кочани. Оваа година првите два месеци, јануари и февруари месец започнаа исклучително добро и над нашите очекувања, макроекономски и фискално. Но, потоа се случи конфликтот во Заливот и тоа неминовно влијае врз сето она кое што се вели политика, но и врз економијата на една држава. За разлика од останатите земји во регионот, ние не очајувавме, не плачевме, не кукавме, туку едноставно влеговме во решавање на проблемот, онолку колку што може да се решава и мислам дека прилично успешно успеавме досега да го решиме и покрај тоа што имавме исклучително големи фискални откажувања, коишто на прв поглед може да се очекува да влијаат врз буџетот. Но, принципот економија на обем, којшто го применивме, до овој момент, можам да кажам дека не само што не ги почувствуваме, туку напротив ги надминаа и нашите очекувања во услови на криза“.

Според него, ние во ниту еден момент не рековме дека не извезуваме гориво од државата, не ги лимитиравме испораките на гориво во држава и убедливо имаме најниска цена и за дизелот и за 95 и за 98 октанскиот и истовремено, од аспект на даночната политика стоиме добро во рамките на буџетот. Овој предизвик во овој момент претставува најголема непозната во равенката за Владата и политиките, бидејќи никој не знае колку долго ќе трае и врз основа на претпоставени сценарија да влечеме потези.

„Ние имаме шест квартали по ред како Влада со 3,5 проценти, над 3,5 проценти реален раст поради дефлаторот инаку, номиналниот е над 7,5 проценти. Оваа година според Меѓународниот монетарен фонд, ние ќе дојдеме отприлика до БДП номинален околу 22 милијарди долари. Три пати повеќе е зголемен номиналниот бруто домашен производ за две години, отколку споредено во периодот 2018-2023 за шест години,“ информираше Мицкоски.

На прашањето кои се трите најзначајни познати во равенката за економски раст за да дојдеме до повисоки стапки на економски раст Мицкоски одговори: „Една е, а тоа е поврзувањето. Ние треба да го изградиме темелот, ние го немаме темелот и тоа е суштината. Единствената компаративна предност што ние ја имаме со конкуренцијата во регионот и во Европа е тоа што сме место на поврзување на два важни европски коридори, тоа е коридорот 10 и коридорот 8. Се друго, ако го мериме како компаративна вредност можете да го најдете кај било која конкуренција во регионот или во Европа. Ако ние тоа го направиме тогаш може да развиваме се. Ние тоа не сме го направиле“.

„Нашата цел е најголем дел од овие делници да го завршиме во рамките на мандатот на оваа Влада. Тоа е патното поврзување, коридорот 10, горе доле патно сме поврзани, од Табановце до Гевгелија, со автопат. Но, коридорот 8 потребно е да се заврши и да тука многу жестоко работиме, со жестока динамика да сето тоа да се заврши, иако е прилично предизвикувачки проект, со што конечно ние патно ќе имаме озбилно добро квалитетно поврзување“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој се осврна и на железницата, информирајќи дека конечно се одблокира третата секција од коридорот 8 којшто треба да ја поврзе Крива Паланка со границата и дека наидовме на разбирање кај нашиот источен сосед, и тие својот дел од коридорот 8 да го стават како приоритет, а изрази надеж дека и нашиот западен сосед коридорот 8 ќе го стави како приоритет. На тој начин ќе имаме и железничко поврзување, кое треба да биде значајно не само за нас туку и генерално за европската економија.

Мицкоски го истакна своето очекување конечно најдоцна оваа есен да почнеме со реконструкција на пругата на коридорот 10 Табановце-Гевгелија, заедно со стратешкото партнерство со Велика Британија и тој проект да го отпочнеме и додаде:

„Очекувам некаде првата половина од следната година, да го завршиме гасниот интерконектор со нашиот јужен сосед, со Грција. Со што ќе имаме уште една стратешка и компаративна предност. И очекувам оваа недела „Нома Гас“ да го објави тендерот за изградба на северниот интерконектор со нашиот сосед Србија со што практично ќе имаме една цевка која помеѓу 6-8 милијарди нормални метри кубни гас којшто ќе доаѓа од Александрополи, Реветуза ќе стигнува до Централна Европа, што ќе биде единствена озбилна конкуренција на Јужниот Поток. И една отсечка ќе пуштиме тука до Косово, имајќи предвид дека економијата на Косово се темели на производство на електрична енергија од фосилно гориво, јаглен. Исто така, го рестартиравме проектот за далноводот, заборавен од минатото, оптоварен со многу дабови, со многу арбитражи итн., интерконекторот со Албанија, високонапонскиот 400 киловолтен интерконектор“.

Според Мицкоски, со тоа конечно ќе бидеме поврзани со сите соседи и повторно ќе бидеме раскрсница и на енергетска и на железничка и на патна инфраструктура и тоа е нашата компаративна предност. Без ова нема да бидеме атрактивни и тој истакна дека наш прв приоритет ќе биде реализација на сето ова и завршување на сето ова.

Во однос на процесот за членството во ЕУ Мицкоски истакна:

„Владата која што јас ја предводам има различен пристап од приходната влада. Ние цениме дека пократок пат нема, односно има, но тој пократок пат има свои предизвици, најчесто тие предизвици се понижувачки. И затоа велиме ако треба да идеме по потешкиот пат, ќе одиме по потешкиот пат, но тоа место ќе го заслужиме со квалитет и со испорака. И тој потежок пат има своја цена. Достоинството нема цена и затоа велам нема пократок пат.

На крајот на излагањето премиерот Мицкоски истакна дека Македонија 2025, како организација, како идеа, како визија, е исклучително голема додадена вредност за својата татковина, дека контрибуцијата е одлична, но сега тоа што нас ни треба е поголема гласност во светските центри, во Европа во Соединетите Американски Држави и на другите континенти и додаде:

„Ние мораме да се бориме за нашата вистина, ако ние не се бориме за нашата вистина, тоа не значи дека треба да сме тврдоглави, но ако не се бориме за нашата вистинита и ако тоа храбро не го кажеме и аргументирано, тогаш ќе ја изгубиме битката. Многу поголеми нации и народи немаат своја држава. Ние имаме своја држава и доаѓа времето кога тоа обединување на сите слоеви, на сите структури, на сите нас е потребно, да бидеме погласни, и да ја кажеме нашата вистина и да се бориме за нашата вистина. Тука Македонија 2025 може да биде еден исклучително голем амбасадор за својата татковина, а ние како Влада, јас како претседател на Владата, стојам на располагање да помогнам во целиот тој процес.“

Next Post

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

Најново

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk