ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026 14:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На премиерот Мицкоски и на ВМРО им одговара да ја држат државата изолирана од Европската Унија за да можат да продолжат да го крадат народот, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24. Димитријевиќ посочи дека целата хистерија и спинови што ги пласира ВМРО околу идентитетските прашања е само за да продолжат со криминалот и корупцијата. Тој изјави дека СДСМ со месеци предупредува дека власта свесно ја држи државата во изолација, бидејќи европската интеграција ќе значи воведување ред и крај на криминалот на ВМРО.

„На Мицкоски му одговара оваа ситуација, да ја држи Македонија изолирана и да ја држи Македонија надвор од европските институции. Тоа е така од еден едноставен факт, бидејќи доколку успееме да влеземе во тие пристапни преговори, доколку ја оствариме нашата стратешка цел, нема да можат да го прават тоа што го прават сега. Нема да може да местат тендери на блиски луѓе, нема да може да си ги делат парите меѓу себе, едноставно ќе се воведе некој ред во државата и едноставно ќе им секне тој извор на финансирање. Така што целиот спин и целата хистерија што ја прави ВМРО во јавноста ја прават единствено со една и единствена цел – да продолжат да го крадат македонскиот народ“, рече Димитријевиќ.

Во интервјуто, Димитријевиќ нагласи дека македонскиот идентитет не е загрозен од внесувањето на малцинствата во Уставот, туку од криминалот и корупцијата на Владата на ВМРО.
„Идентитетот на Македонија е загрозен само од криминалот и корупцијата и дилетантската политика на ВМРО. Прашањето на внесувањето на Бугарите во Уставот, и не само на Бугарите, туку и на други малцинства, е прашање помеѓу Македонија и Европската Унија. Внесувањето на малцинствата е основен услов за да продолжиме понатаму со преговорите и на тој начин не се загрозува македонскиот идентитет. Сè што на некој начин во изминатиот период СДСМ како добри политики го донесе, го срушија“, рече Димитријевиќ.

Тој додаде дека Владата на ВМРО нема никаков напредок ниту визија на меѓународен план, а реформските процеси се целосно блокирани.

„Мицкоски има двотретинско мнозинство и треба да почне да работи навистина на интеграција на Македонија во Европската Унија. Гледаме дека во целиот изминат период имаме една тотално погрешна политика и гледаме дека на меѓународен план ниту министерот за надворешни работи Муцунски, ниту премиерот, ниту претседателката имаат никаков напредок, немаат воопшто ниту визија како тоа да го направат. Од 10 реформски закони коишто треба да ги донесеме, осум не се донесени. Министерот Филков и целата таа владејачка структура и тој привезок ЗНАМ на ВМРО апсолутно немаат намера ништо да направат по тоа прашање“, изјави Димитријевиќ.

Притоа, Димитријевиќ потсети дека СДСМ покажа како се штити македонскиот идентитет, преку членството во НАТО и заштитата на македонскиот јазик.
„СДСМ во своето владеење покажа како се штити идентитетот и како се штити достоинството. Ја внесовме државата во НАТО, започнавме и отворивме сериозни преговори, се заштити јазикот со преговарачката рамка на чист македонски јазик. Така што, верувајте, Мицковски во оваа фаза ниту сака, ниту може да го придвижи тој процес“, рече Димитријевиќ.

Next Post

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk