ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Од денеска целосно оперативен ЕЕС системот за влез во ЕУ: Што треба да знаат патниците и возачите?

April 10, 2026 11:34
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Илустрација Фронтајн

Илустрација Фронтајн

Share on FacebookShare on Twitter

Системот за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.

Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Министерството за внатрешни работи уверува дека ставени се во функција сите расположливи ресурси, за брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини, а од Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ велат дека не се очекуваат зголемени застои и тесни грла на граничните премини за товарниот сообраќај од вообичаените.

Со денешното целосно воведување на ЕЕС системот, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија). Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена, со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Според Министерството за внатрешни работи, од страна на Граничната полиција на нашата држава преземени се сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

– Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот, информираа од МВР.

Со оглед дека новиот електронски систем на ЕУ – EES, беше во функција на влезните гранични премини во Шенген зоната и претходно, голем број од професионалните возачи се регистрирани во него, според претседателката на „Макамтранс“ Билјана Муратовска, не се очекуваат зголемени застои и тесни грла на граничните премини за товарниот сообраќај од вообичаените, што, потенцира, не е случај со превозот на патници и патничките возила.

– Насоките за професионалните возачи, но и за вработените во превозните трговски друштва е редовно следење и броење на денови на престој во последните 180 дена, со правилно организирање на соодветна динамика за безбедно користење на превозните средства, со цел да не се појават проблеми и застој на територија на Шенген зоната, вели Муратовска.

Таа појаснува дека од 10 април ќе започне комбинирано броење на денови за престој особено за професионалните возачи, што значи се до истекување на 180 дена (10 октомври) ќе се користат податоци од електронскиот систем, но ќе се бројат и печатите евидентирани во патните исправи се додека не се овозможи добивање на работни визи од одредени држави со кои ќе се надминат проблемите до дефинитивно усвојување на новата Визна стратегија, каде возачите се признаени како професионалци.

Next Post
Поглед на планетата Земја низ прозорецот на капсулата Орион снимен од астронаутите на Артемис II.

„Артемис II“ се враќа на Земјата по рекордната прошетка околу Месечината

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk