ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Насмевки, ракувања и војна

Топол пречек за пратеник на воен злосторник

April 4, 2026 18:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

На површината, ова беше рутинска дипломатска церемонија, речиси здодевен настан, од оние што едвај се забележуваат во агенциските вести што никој не ги чита. Но, под под површината има многу други нешта.

Претседателката на Северна Македонија соопшти дека ги примила акредитивните писма на новоименуван амбасадор на Руската Федерација. На прв поглед, ништо невообичаено. Северна Македонија има дипломатски односи со Москва; ротацијата на дипломатските претставници, сама по себе, е рутинска работа, една од многуте формални должности на шеф на држава. Здодевно и монотоно.

Но, тука завршува „здодевниот и монотон“ дел од приказната. Нема ништо „нормално“ во овој момент.

Изјавата на претседателката, објавена на социјалните мрежи, гласи:

Денеска ги примив акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.
Изразив уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.
За амбасадорот Зиков, преставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.
Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба.

Ја чувствувате ли дисонанцата? Она што започнува како стандардна процедура брзо се претвора во нешто повеќе, нешто политичко, ред по ред.

Ред по ред, изјавата се оддалечува од протоколот и навлегува во политичка порака. Таа конструира верзија на реалноста во која Русија е само уште еден дипломатски партнер, што делува „во рамките на меѓународното право“, претставен преку „професионални“ канали и пречекан со церемонијална љубезност, проследена со срдечни насмевки и ракувања.

Но, Русија не делува во рамките на меѓународното право. Таа го крши – секојдневно, системски и неказнето. Да се повика на меѓународното право во ваков контекст не е дипломатија. Тоа е извртување на реалноста. Лага.

Проблемот не е во самата церемонија. Прифаќањето акредитиви е дел од функцијата. Никој не предлага укинување на дипломатскиот протокол. Проблемот е во изборот тој протокол да се лиши од контекст и јавно да се претстави како тој да не постои.

Претседателката на земја-членка на НАТО имала избор. Ова можело да остане минимална, затворена формалност. Без порака. Без симболика. Без нормализација.

Наместо тоа, го гледаме спротивното: видливост и пораки, внимателно усогласени за да проектираат смиреност, пристојност и изедначување. Насмевки. Ракувања. Учтив јазик. Сезонски желби за мир. Сето тоа испраќа една порака: Ова е нормално.

Не е.

Последната реченица најмногу разоткрива. Повик за „крај на војните“ без да се именува агресорот создава морална симетрија, ја брише разликата меѓу жртвата и сторителот и ја сведува војната на некаква апстрактна несреќа, наместо на свесен чин на агресија. Да се посакува мир додека се стои покрај претставник на режим што води брутална војна не е дипломатија. Тоа е избегнување. А во одреден момент, избегнувањето станува прифаќање и – одобрување.

Така се раствора одговорноста. Така се замаглува вистината. И така функционира нормализацијата. Учебнички пример на перење на наративот, каде што јазикот на дипломатијата се користи за да се исчисти агресијата од нејзиното вистинско значење.

Дипломатијата не налага морално слепило. Не бара да се преправаме дека за реалноста може да се преговара. Кога протоколот го брише контекстот, тој престанува да биде дипломатија и станува политички инструмент кој им служи на интересите на агресорот преку омекнување на перцепцијата и разредување на одговорноста.

Јазикот е важен. Зборовите како „професионално застапување“ и „меѓународно право“ не се неутрални кога се користат за актери што системски ги кршат и едното и другото. Тие создаваат лажна рамнотежа, внимателно конструирана илузија дека сè уште се движиме во рамките на нормалното меѓународно однесување.

Не е така. Да не се именува агресорот не е претпазливост. Тоа е избор. А секој избор повлекува последици.

За Украинците, ваквиот јазик ја брише реалноста и го потценува страдањето. За јавноста, ја замаглува одговорноста. За демократските општества, ги разјадува основните принципи – правото, правата, одговорноста – сè додека не станат „само една од опциите“.

Можеби и тоа е дел од пораката.

Претседателката, професорка по право, ја разбира тежината на зборовите. Ова тешко дека е пропуст. Таа знае, како што треба да знаеме сите, дека мир без вистина не е мир. Тоа е потчинување пред пропагандата. Дипломатијата што ја заборава реалноста не го зачувува мирот. Таа ги легитимира оние што го уништуваат.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Скопје домаќин на Европскиот форум за културна мобилност 2026: Праведноста како основно право, а не привилегија

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk