ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Една година подоцна

Кочани: Тагата, солидарноста и долгата сенка на еден нефункционален систем

March 16, 2026 22:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Помина една година. Но ноќта од 16 март 2025 не поминува.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 луѓе – најмногу млади. Тоа не беа бројки. Тоа беа животи што штотуку почнуваа.

Кочани е трагедија. Но и предупредување. И пресуда! Пресуда за еден систем, а уште повеќе, пресуда за власта која се обиде одговорноста да ја префрли на апстрактното поимање на системот – како тие да немаат ништо со тоа.

Не постои пи-ар што може да ги замагли фактите. Кочани е последица на систем во кој законите важат само додека не се судрат со нечии интереси. Систем во кој инспекциите доаѓаат предоцна, одговорноста се губи по ходниците на институциите, а трагедијата станува единствениот момент кога државата се сеќава дека треба да ја штити сопствената јавност. Но тоа се конкретни луѓе, кои градат конкретен систем во кој се гине затоа што не се почитуваат законите, правилата и стандардите.

Младите животи згаснаа во објект што никогаш не смееше да добие дозвола да работи, во систем што премногу често ја толерира негрижата – сè додека не се случат трагедиите. Да, тоа беше најсмртоносниот пожар во поновата историја на земјата, но не е првата што се случува – без епилог.

Една година по трагедијата во Кочани, свеќите сè уште горат низ целата земја – но гори и совеста на општеството. Сè додека вистината не биде целосно откриена, сè додека одговорноста јасно не се утврди и сè додека не се промени системот што ја овозможи оваа катастрофа, Кочани ќе остане повеќе од спомен. Ќе остане прашање. Болно, неизбежно прашање на кое оваа земја конечно мора да одговори. Прашање што не може да се избегне со комеморативни седници и конференции на власта.

Една година подоцна, болката не е помала. Тагата не бледнее. А одговорите – сè уште недостасуваат.

Во првите денови по трагедијата, земјата го покажа своето најдобро лице. Луѓето чекаа во редици за да даруваат крв. Волонтери собираа помош. Луѓето отвораа фондови за поддршка на семејствата. Илјадници луѓе стоеја во тишина на плоштадите, со свеќи во рацете. Во тие денови немаше идеологија. Немаше политички табори. Имаше само човечка болка. И солидарност. Но солидарноста не може да ја замени правдата. А тагата не може да ја замени одговорноста.

Реакцијата на власта беше повеќе од недостоинствена. Луѓето што оддаваа почит на плоштадите беа етикетирани, новинарите што известуваа беа под притисок, дури и приведени во полициска станица. Правдата изостана и од овој историски час.

Денес, фактите за катастрофата се повеќе од јасни. Дискотеката била преполна. Во неа имало многу повеќе луѓе од дозволеното. Објектот немал соодветни излези за евакуација. Немал системи за противпожарна заштита. Работел со сериозни прекршувања на безбедносните стандарди. Искрите од сценската пиротехника го запалиле таванот, а огнот за неколку минути ја проголтал салата.

Да. Власта вети правда. Најавени беа истраги. Беа приведени осомничени. Беа најавени инспекции. Беше кажано дека „сите одговорни ќе одговараат“. Но луѓето не гледаат дека се прават чекори да се реформира системот. Наместо конкретни мерки, добивме бескрајна низа од политички изјави кои ги замаглуваат фактите. Познато.

Општеството учи на најтежок начин дека кога правдата доцни – неправдата станува систем.

Затоа, спомените не се доволни. Низ земјата повторно се палат свеќи. Се читаат имињата на жртвите. Се положуваат венци. Но сеќавањето само по себе не е доволно. Споменик не може да ја замени одговорноста. Говор не може да ја замени реформата. Венец не може да ја замени вистината. Бидејќи зад секое име на жртвите стоеше живот. Син. Ќерка. Другар. Љубов. Цел еден универзум за нечие семејство.

Неодговорено стои уште едно тревожно прашање: Дали научивме нешто?

Јасно е кој се труди оваа трагедија да биде заборавена или одговорноста да се префрли на апстрактниот „систем“. Треба секој од нас да си одговори – дали Кочани ќе стане уште една годишнина што ќе ја одбележиме со свеќи и говори – а потоа ќе ја оставиме да избледи во удобното заборавање?

И додека власта одржува комеморации, за преживеаните и семејствата на жртвите времето не се мери со години или децении. Болката е вечна. А уште потешко е тоа што тие живеат со последиците секој ден. А додека правдата не биде јасна и целосна, Кочани нема да биде само трагедија од минатото. Ќе остане отворена рана. Со конкретни и видливи последици што ќе нѐ следат на секој чекор низ секојдневието. До следната трагедија.

 


Текстот е личен став на авторот | Извор: ЦИВИЛ МЕДИА


 

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хоросакоп со Анаис - 17 март 2026

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk