ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Матица македонска“ ја објави „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски – книга што создава нови поводи за читање на македонската книжевност

May 12, 2026 09:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Издавачката куќа „Матица македонска“ информира дека ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела и новите поетики.

Како што се нагласува во соопштението, книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што претставуваат траен влог во македонската културна, книжевна и научна мисла.

Во рецензијата за книгата, универзитетскиот професор и книжевен истражувач Веле Смилевски истакнува дека поводот за ова дело е самата книжевност – нејзините естетски дострели, значења и пораки. Според него, ова дело е резултат на авторовите задлабочени естетички и книжевно-историски проникнувања во развојните процеси на македонската книжевност, нагласувајќи ја „посебната и препознатлива критичарска свест“ на Антоновски.

„Без повод за поводи“ содржи 23 студии распоредени во пет целини, кои опфаќаат контексти од периодот 2021–2025 година. Иако дел од текстовите произлегуваат од конкретни годишнини или настани, книгата не останува во рамките на пригодното. Во авторскиот предговор, Антоновски ја формулира основната идеја со ставот дека книжевната наука не смее да се движи според календарот. „Ако интерпретацијата започне од датумот, таа ризикува да заврши со него“, порачува авторот. Оттука, оваа книга се поставува како спротивност на брзиот пригоден говор и нуди продлабочено читање и преиспитување.

Особена вредност на делото е неговата насоченост кон недоистраженото и маргинализираното во современата македонска книжевност. Дел од студиите разоткриваат помалку познати аспекти од творештвото на значајни автори, а во одделни случаи се потпираат и врз архивски материјали и ракописи, што на книгата ѝ дава и книжевно-историска тежина.

Со ваквиот пристап, „Без повод за поводи“ ја афирмира книжевната критика како чин на одговорност кон текстот и читателот, покажувајќи дека книжевноста е жива само тогаш кога повторно се чита.

Низ книгата се среќаваат студии за автори, дела и појави од различни генерации, како што се Коста Солев Рацин, Блаже Конески, Ацо Шопов, Живко Чинго, Даница Ручигај, Горан Стефановски, Катица Ќулавкова и други. Посебно место во книгата има и обемната студија посветена на младите автори родени во самостојна Македонија.

Книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски е веќе достапна во книжарниците на „Матица македонска“ и онлајн.

 

Next Post

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk