ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026 14:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото ССМ

Фото ССМ

Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави масовен работнички протест кој ќе се одржи на 1 Мај, со почеток во 11 часот пред Работничкиот дом. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција ги повика сите работници да излезат на улица и заедно со синдикатите јасно да се спротивстават на неправдите кои ги толерираат преку целата година, стои во соопштението на ССМ.

Главното барање на протестот е зголемување на минималната плата, бидејќи според податоците на УЈП повеќе од 260.000 работници, односно 50 отсто од работната сила во државата, живеат со примања под 600 евра. Трендафилов истакна дека неодамнешното усогласување на минималната плата за 1.667 денари е мизерно, особено ако се земе предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница од почетокот на годината се зголемила за 3.304 денари. Поради ова, на едно семејство во кое двајцата родители се на минималец му недостасуваат средства дури и за најосновните прехранбени потреби, што според синдикатот претставува поразителен податок за креаторите на политиките и работодавачите.

Синдикатот алармира и дека колективните договори се под сериозен напад, посочувајќи ја иницијативата пред Уставниот суд за укинување на Колективниот договор за култура, што може да предизвика домино ефект за укинување на сите договори кои предвидуваат пресметка на плата по коефициент на сложеност. Дополнително, како клучна причина за револт се посочуваат катастрофалните услови за безбедност при работа, при што од ССМ потсетија на неодамнешниот фатален случај на градилиште во Скопје. Според изнесените податоци, Македонија претставува најцрна точка на мапата во Европа по бројот на смртни случаи и повреди на работните места, а работничкиот живот се вреднува помеѓу пет и десет илјади евра од осигурувањето.

Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом, а ќе продолжи кон Собранието, Стопанската комора и Владата каде што ќе бидат упатени јасни пораки. Претседателот на ССМ ги повика работниците наместо да заминуваат на пикник или продолжен викенд, да се приклучат на маратонската синдикална борба, бидејќи доколку не се побунат, го губат правото да се лутат на суровата реалност и мизерните плати со кои не можат да го поминат месецот. Синдикалната борба дава резултати, а како пример беше посочен минатогодишниот штрајк на вработените во управата и правосудството кои за 12 месеци успеаја да обезбедат зголемување на платите за најмалку 14 отсто за 11.000 работници.

Next Post

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk