ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Кој Тимчо Муцунски ја повикува опозицијата– тој што беше против Преспа или овој што денес го фали НАТО?

May 14, 2026 15:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со повикот на министерот Тимчо Муцунски за консензус и конструктивност од опозицијата во однос на стратешките прашања, порача дека Муцунски нема кредибилитет да зборува за национално единство, откако со години и тој и ВМРО ги лажеше граѓаните за Преспанскиот договор, НАТО и европската иднина на државата.

„Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? Тој што беше против Преспанскиот договор? Тие што го бојкотира референдумот? Или овој сега што вели дека НАТО е најдобар сојуз во кој што ние членуваме и дека обезбедил и гарантирал безбедноста на земјата и дека е добар за инвестициска клима, која што патем тие не знаат да искористат, зошто? Затоа што крадат пари. Кој Тимчо Муцунски го бара тоа?“, рече Филипче.

Притоа, говорејќи за повикот на Муцунски, Филипче го повика да одговори и на отворените прашања за Никола Груевски, но и за неговата работа како поранешен градоначалник на општина Аеродром.

„Што ќе каже Тимчо Муцунски за Никола Груевски? Дали и тој смета дека бил суден во наместени процеси или смета дека треба да одговара пред правосудните органи и да оди во затвор? Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? Тимчо Муцунски, кој што со неговото доаѓање на градоначалничката позиција во Аеродром донесе една фирма која што зема милионски суми тендери близу осум и после истата фирма ја однесе во МНР кога стана министер за надворешни работи. Тој Тимчо Муцунски прашува за национално единство?“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека токму Муцунски и раководството на ВМРО беа дел од политичкиот тим кој со години ја манипулираше јавноста за европскиот пат на државата.

„Тимчо Муцунски, којшто еве се докажува дека бил дел од тим кој што лажел, кој што ја загрозува нашата иднина? Тој бара реформи, Европа? Не сака Тимчо Муцунски реформи и Европа. Ниту Христијан, ниту бандата“, рече Филипче.

Тој додаде дека вистинските реформи значат уставни измени и отворање на европските поглавја.

„Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред. Нека не мачкаат очи нека не лажат. И ако не сакаат, нека си заминат, затоа што ќе одговараат и Тимчо и сите. Најавуваат работа на реформска агенда, што правеа две години? Што правеа две години? Ништо не направија, не сакаат да работат. Докажаа, и секој ден се докажува дека лажеле и Гордана и Христијан и Тимчо. На тие луѓе не може да им се верува. Тие луѓе немаат кредибилитет да водат државата. Немаат чесност, немаат искрена и чесна намера.Ги интересира само нивниот интерес, а не интересот на сите граѓани,ги злоупотребија и ги излажаа граѓаните“, порача Филипче.

Next Post

ANN одбива да ги коментира шпекулациите за продажба на N1 на сопствениците на Еуроњуз, пред одлука на Управниот одбор

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk