ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

February 24, 2026 09:45
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена агресија врз Украина, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира меѓународна онлајн конференција со наслов: „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“. Овој меѓународен настан се одржува во рамките на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI) и програмата Вестминстерска алијанса за Украина (WA4U).

Конференцијата се емитува во живо на Јутуб каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, со почеток во 17:00 часот. Во неа учествуваат аналитичари, дипломати, новинари, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко. Работен јазик на конференцијата е англискиот.

Декларација: повик за одговорност и акција

Во пресрет на конференцијата, организаторите ја објавија Декларацијата за отпорот на Украина и одговорноста на светот, која е отворена за поддршка од организации, медиуми, академската заедница и поединци.

Декларацијата јасно порачува дека Украина не е само жртва, туку и фронт на глобалната борба меѓу демократијата и авторитаризмот. Основачите на Иницијативата бараат мирот мора да биде праведен и заснован на меѓународното право и истакнуваат дека одговорноста за воените злосторства не смее да биде компромитирана. Меѓу другото, во Декларацијата се констатира дека дезинформациите и хибридните закани се директен напад врз демократијата. Во трите стратешки документи што ја придружуваат Декларацијата, особен акцент се става на потребата од долгорочна поддршка — во одбраната, културата и обновата на Украина, како клучни столбови на отпорот и иднината.

Три тематски секции на Конференцијата: реалност, невидлива војна и избор

Програмата на конференцијата е структуирана во три тематски целини:

Реалност: Украина и обликот на војната денес
Фокус на воената и политичката реалност, улогата на Украина како фронт на глобалната борба и цената на отпорот.

Невидливата војна: Дезинформации, хибридни закани и „лажен мир“
Анализа на пропагандата, „двете страни“ наративите и нормализацијата на авторитарни влијанија.

Избор: Што мора да се брани — и од кого
Дискусија за одговорноста на институциите, медиумите, граѓанското општество и граѓаните.

Меѓу говорниците се истакнати експерти и јавни личности од Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Литванија, Италија и САД, а ќе биде вклучено и специјално видео обраќање од амбасадорката на Украина во Северна Македонија.

Украина е огледало на светот

Организаторите нагласуваат дека ова не е комеморативен настан, туку повик за јасна позиција.

Украина денес е повеќе од жртва на агресија — таа е огледало во кое се гледа подготвеноста на светот да ги брани слободата, демократијата и човечкото достоинство.

ЦИВИЛ – Центар за слобода / Цивил Медиа

Next Post
Скриншот

Трамп се закани со повисоки царини за оние што ќе го предизвикаат

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk