ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПИСМА

20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

April 24, 2026 13:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПИСМА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

До редакцијата на „Фронтлајн“ пристигна писмо од И. М. сопруга на македонски бранител, во кое се обелоденува децениска институционална негрижа кон лице со 100% воен инвалидитет од прва група. Иако станува збор за граѓанин со засилено уставно загарантирано право според член 36 од Уставот, тој и неговото семејство со малолетни деца повеќе од 20 години чекаат конечно решение за станбено згрижување. Случајот е толку драстичен што е вклучен и во Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2025 година како пример за долгогодишно институционално непостапување во случајов од Комисијата за станбени прашања при Владата.

Сопругата појаснува дека во 2003 година на нејзиниот сопруг му бил доделен привремен објект (барака), кој по поплавата во 2008 година станал руиниран, небезбеден и целосно невселив, што било потврдено и од самото Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП). И покрај уставната обврска на државата да обезбеди посебна заштита на воените инвалиди и законскиот приоритет за домување, постапката за трајно решение формално трае од 2010 година без никаков исход.

Институционален молк и игнорирање на законите

Документацијата на семејството покажува дека Државниот управен инспекторат утврдил оти предметот воопшто не бил ставен на дневен ред за решавање, и покрај бројните поднесени барања и ургенции. Според Законот за општа управна постапка, рокот за донесување одлука е 30 дена, но во овој случај семејството чека одлука две децении. Додека државата молчи, семејството се соочувало со закупни побарувања и извршни постапки за објект кој не е за живеење, што отвора сериозни прашања за еднаков третман, особено во споредба со јавно објавени случаи каде на други лица им се доделуваат станови побрзо.

„Нивните рани не се украс, туку завет: Македонија да биде дом што не ги остава своите. Кога државата беше во опасност, тие не прашаа колку ќе чини – дадоа сè. Денес не бараат ништо повеќе од тоа што им следува: правда, одлука и држава што стои зад своите бранители“, пишува сопругата во своето обраќање. Таа нагласува дека ова не е само административен предмет, туку човечка приказна за живот во постојана неизвесност.

Апел за правда и одговорност

Иако случајот веќе доби одреден медиумски простор, семејството бара подлабока застапеност поради долгогодишниот институционален молк и непочитувањето на законскиот приоритет. Тие инсистираат на транспарентност и јасен одговор од надлежните институции зошто досега не е донесена конечна одлука.

„Не бараме милост – бараме државата да стои зад оние што ја бранеле. Ако има одлука – нека се достави. Ако нема – нека се каже зошто“, заклучува сопругата во писмото до нашата редакција.

Ј. Ѓ.

Next Post

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk