ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

Ромите не се проблем – тие се најјасниот показател за систем што со децении произведува дискриминација, сиромаштија и политичка злоупотреба. Додека зборуваме за човекови права, реалноста сведочи дека тие сè уште не важат подеднакво за сите.

April 8, 2026 19:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Антициганизмот е дел од системот и од политичката култура. Нема промени, барем не позитивни, од денот кога го напишав текстот „Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“ (ЦИВИЛ Медиа, 2021 година). Напротив. Добар дел од тоа мора повторно да се каже. Или уште поточно – да се констатира уназадување. Ако воопшто е можно да се оди уште поназад од веќе уназаденото.

За голем дел од политичарите, Ромите се проблем. И тоа знаете каков? Не како прашање на права, туку како непријатност. Како нешто што стои на патот. Не доволно големо за да се забележи, но доволно за да им ја изгребе колата додека поминуваат покрај нив. Нешто за кое мораат да издадат соопштение на Меѓународниот ден на Ромите – додека имаат толку многу „поважни“ работи.

За голем дел од невладините фолиранти, но и за многумина што себеси се сметаат за прогресивни и „мултикултурни“, Ромите се уште една обврска. Да го наместат изразот на лицето. Да одберат „правилен“ збор. Да звучат подобро од минатата година. Да покажат дека се отворени, дека, ете, ги почитуваат Ромите. А говорот на телото и однесувањето покажуваат нешто сосема друго.

Ромите им се проблем на институциите, затоа што „некој таму паметен“ кажал дека „и тие се луѓе“, па „имаат права“.

Ромите не се проблем!

Состојбата на човековите права и слободи на Ромите во земјава – и многу пошироко – се најјасниот показател за систем што со децении произведува дискриминација, сиромаштија и политичка злоупотреба. Додека зборуваме за човекови права, реалноста сведочи дека тие сè уште не важат подеднакво за сите.

Ромите се огледало. Во тоа огледало, општеството се гледа без шминка: сурово, хиерархиски, длабоко инфицирано со идејата дека некои луѓе вредат помалку од други. Ромите не се само жртви на дискриминација – тие се најниското „скалило“ врз кое сите останати ја градат својата лажна супериорност. И токму затоа, тие се секогаш први на удар. Од сите. Вклучително и од сопствените политички претставници.

Антициганизмот не е само предрасуда. Тој е систем. Систем што со векови функционира преку деградација, дехуманизација и политичка злоупотреба. Од средновековните прогонства, преку фашистичките режими, до денешните „демократии“ – логиката останува непроменета: Ромите се „внатрешниот друг“, доволно присутни за да се користат, и доволно маргинализирани за да се жртвуваат.

Во современиот контекст, антициганизмот ретко се изразува само преку отворена омраза. Тој е вткаен во учебниците, во институциите, во медиумите и во секојдневниот говор. Уште поопасно, тој живее и во „добронамерниот“ расизам, во реченици што звучат како милост, а всушност се признание за длабока дискриминација – „и тие се луѓе“. Тоа не е израз на човечност. Тоа е признание дека некој воопшто се сомнева во тоа.

Во Северна Македонија, Ромите не се само дискриминирани. Тие се експлоатирани. Во периодот на режимот 2006–2017, тоа беше грубо и отворено. Потоа, тоа стана посуптилно, но не и помалку присутно. Ромската заедница беше и остана евтин гласачки резервоар – го гледаме тоа деновиве и во Унгарија, под притисок на автократот Виктор Орбан.

Ромите се симболичен украс во политичките наративи, но реално отсутна од центрите на моќ. Политичките елити – длабоко корумпирани и компромитирани – што произлегуваат од заедницата премногу често (никогаш) не ја претставуваат, туку ја одржуваат зависна и подредена. Тоа не е политичко претставување. Тоа е посредувана контрола.

По 2017 година се појави надеж. Концептот „Едно општество за сите“ израсна од улиците и влезе во институциите како ветување за пресврт. Но реалноста не отиде многу подалеку од декларациите. Наместо суштинска трансформација, видовме ограничени, бавни и често симболични поместувања. А со доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски, состојбата не само што стагнираше, туку во многу сегменти почна и да се влошува. Чувствителноста за дискриминација опадна целосно, а концептот за инклузивно општество повторно се сведува на празна политичка формула.

Ако училиштата продолжуваат да репродуцираат предрасуди, ако институциите толерираат дискриминација, ако сиромаштијата и сегрегацијата остануваат непроменети, тогаш не зборуваме за ништо друго, освен за илузија на рамноправност која, впрочем, не се ни спомнува многу често. Без длабока промена на образованието, медиумите, институциите и политичката култура, секоја декларација за еднаквост останува празна. Но тоа не мора да се каже за да се подразбира, нели? Сепак, среде ѕидовите на тишината, мора да се говори и повторува повикот за правда, правичност и еднаквост. Без оглед на тоа колку залудно изгледа тоа.

Проблемот не е само во политиките – на хартија, тие некогаш може да изгледаат и добро, барем на прв поглед. Проблемот е во луѓето што ги спроведуваат. Кога расизмот не се санкционира, кога дискриминацијата се нормализира, кога институциите молчат, тие престануваат да бидат неутрални. Стануваат соучесници. Не е доволно администрацијата или невладините фолиранти, наставниците и новинарите да се воздржат од дискриминација за време на работното време, ако по него активно или пасивно учествуваат во културата на омраза. Тоа значи дека системот не е променет – само е привремено прикриен – во текот на работното време.

Човековите права не се подарок, ниту привилегија, ниту инструмент за политичко тргување. Тие се универзални, неделиви и неотуѓиви. Не можете да имате повеќе права за едни и помалку за други, а да тврдите дека постои правда. Не можете да зборувате за права, ако тие не се живеат во реалноста. И не можете да тврдите дека општеството е демократско, ако една заедница систематски се оттурнува на маргините.

Нема брзи решенија, но има јасна насока. Промената мора да започне таму каде што се создаваат вредностите – во образованието. Мора да продолжи таму каде што се спроведува правдата – во институциите. И мора да се зацврсти таму каде што се обликува јавното мислење – во медиумите. Без вистинско, независно и храбро политичко претставување, без економско зајакнување наместо зависност, и без култура на нулта толеранција за дискриминација, секоја политика ќе остане само хартија.

Но над сè, потребна е солидарност. Не декларативна, не селективна, туку реална и активна. Затоа што додека секој се бори само за „своите“, системот ќе продолжи да ги дели, слабее и контролира сите.

Антициганизмот не е проблем на Ромите. Тој е проблем на сите останати – тест за човечноста на општеството.

Никој никому не може да му даде права. Тие не се подарок. Тие веќе им припаѓаат на сите. Подеднакво.


© ЦИВИЛ / Џабир Дерала, 2026.
Овој текст е објавен под лиценца Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0). Дозволено е преземање, споделување и адаптирање со задолжително наведување на авторот и изворот. | ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Џелал Хоџиќ

Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

Shortcut

Најново

Африканскиот феминистички крик на ОФФест: Моќниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“ доаѓа во Скопје

May 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk