ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

May 21, 2026 13:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија ја продолжува политиката на финансиско стимулирање на реформите во Западен Балкан преку Планот за раст, при што Северна Македонија, Албанија и Црна Гора добија нови 158,9 милиони евра од Инструментот за реформи и раст. Со најновата одлука на Европската комисија, Македонија обезбеди 65,7 милиони евра. Ова претставува уште еден чекор во спроведувањето на европскиот План за раст за Западен Балкан, усвоен во 2023 година со вкупен буџет од шест милијарди евра, кој функционира по принципот „реформи за пари“, што значи дека средствата се ослободуваат само по позитивна оценка од Брисел за исполнетите обврски и конкретните реформски цели, пренесува Цивил Медиа.

Покрај Македонија, Албанија доби 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра, со што вкупната поддршка од почетокот на програмата достигна 142,1 милион евра за Македонија, 212,8 милиони за Албанија и 89,3 милиони евра за Црна Гора. За разлика од нив, Србија и Босна и Херцеговина не беа опфатени со оваа распределба поради недоволно исполнување на реформските критериуми. Одобрените 65,7 милиони евра за Македонија ќе бидат распределени преку два механизми, при што првиот дел во висина од 30,6 милиони евра ќе биде директна буџетска поддршка за подобрување на финансирањето на основното и средното образование, како и за набавка на информатичка опрема во училиштата, а преостанатите средства ќе бидат насочени кон инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), со фокус на чиста енергија, одржлив транспорт и развој на човечкиот капитал. Овој модел комбинира краткорочна фискална поддршка со долгорочни капитални инвестиции, што е дел од пошироката стратегија на ЕУ – „Глобална порта“, со цел земјите од регионот постепено економски да се интегрираат во Единствениот европски пазар уште пред формалното членство во Унијата.

На веста за доделените средства реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој на денешната прес-конференција обвини дека Владата на Мицкоски со неспроведување на реформите го блокира европскиот план на државата и ја лишила Македонија од речиси 200 милиони евра европски средства.

„Наместо 134 милиони евра, плус 60 милиони од незавршените обврски од 2024 година, сега ние да ги добиеме, ако оваа Влада имаше вистинска намера и капацитет и работеше добро, можевме да добиеме близу 200 милиони евра, а добиваме само 65“, рече Филипче, предупредувајќи дека постои ризик државата да остане надвор од идните европски буџетски рамки. Тој потенцираше дека сака да укаже и да ги предупреди граѓаните да бидат свесни дека ова можеби се едни од последните пари што ги добиваме од Европската Унија. „Сега кога Европската Унија ги прави следните буџети, кои се прават за седумгодишни периоди, а ние не правиме чекор напред кон Европската Унија, можно е воопшто да не влеземе во новото буџетирање на Европската Унија“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче ја обвини власта дека креира лажна слика во јавноста и посочи дека во 2024 година завршени се само близу 50% од реформите, во првата половина на 2025 година 25% од реформите, а во втората половина, заклучно со 10 декември 2025 година, само 16% од реформите. Според Филипче, тоа што државата зела само 60 милиони од можни 200 говори дека Владата на Христијан Мицкоски не работи на европскиот пат.

Редакција Фронтлајн

Tags: ЕУМакедонијаФилипче
Next Post

Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk