ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Славјанка Петровска, МВР: Чулев ја доведе во опасност безбедноста на државата, поднесувам кривични пријави!

Славјанка Петровска, заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада, ја извести јавноста дека ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, поради несовесно и нестручно работење, со што го наруши работењето на полицијата и ја загрози безбедноста на граѓаните.

January 11, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја известувам јавноста дека поради несовесно и нестручно работење ќе поднесам кривични пријави до надлежното обвинителство против техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, затоа што со неговото работење го наруши работењето на полицијата и ја загрози безбедноста на граѓаните.

Техничкиот министер Чулев вчера (10.01.2020) потпишал телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици престануваат да важат. Веднаш по доставувањето на телеграмата се обратив писмено до техничкиот министер Чулев и му посочив дека телеграмата е донесена без мое запознавање и согласност и му укажав на сериозноста на оваа негова одлука и последиците со кои ќе се соочи МВР во делот на извршувањето на својата основна функција.

Со престанокот на важењето на писмените наредби се создава недостаток на човечки ресурси во делот на обезбедувањето на личности и објекти и со тоа директно се загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има обврска да ги обезбедува, како на пример амбасадите на Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ… Отежнато е постапувањето и по плановите за зајакнати мерки за обезбедување на амбасадите на Албанија и Турција.

Директно загрозено е и обезбедувањето на делови од државната граница, граничните премини, особено делот на северната граница поради недостатокот на полициски службеници кој настана со одлуката на Чулев. Полициската станица за граничен премин Долно Блаце поседува 11 контролни пунктови за пасошка контрола, кои мора да бидат пополнети со цел нормално функционирање, а Граничниот премин Јажинце ќе престане да функционира.

Со ваквото неодговорно и незаконско работење Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба  во државата, со што прави кривично дело, но и создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата.

Next Post

Опра Винфри негира дека влијаела врз одлуката на принцот Хари и Меган да ги напуштат кралските должности

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk