ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Утре почнува Вевчанскиот карневал – „Напрај се Василичар“

Под слоганот „Напрај се Василичар“ утре почнува Вевчанскиот карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски и богата програма со културно – забавни содржини. Организаторите на карневалот очекуваат голем број посетители, напоменувајќи дека голем дел од туристичките капацитети во околината веќе се полни

January 11, 2020 13:22
in РЕПУБЛИКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Напрај се Василичар“ утре почнува Вевчанскиот карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски и богата програма со културно – забавни содржини. Организаторите на карневалот очекуваат голем број посетители, напоменувајќи дека голем дел од туристичките капацитети во околината веќе се полни, пренесува МИА.

-Иако нѐ дели само еден ден до официјалното отворање на овој историски карневал, Вевчани е веќе полно со туристи, сите капацитети во и околината се веќе полни. Вевчанци и посетителите со нетрпение чекаат да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена, а многумина ги прават и последните подготовки за да се приклучат на уличниот театар и да го заиграат Василичарското оро, велат организаторите ка карневалот.

Општината како организатор, под покровителство на Министерството за култура, е подготвена да ги пречека гостите од земјава и од странство. Сепак, најголем број на посетители, домаќините очекуваат на 13 јануари – во понеделник, кога ќе се одржи главното дефиле на маските во центарот на Вевчани.

Забавната програма на 12 јануари ќе започне од 19:00 часот, а на 13 јануари музичката програма започнува во 21:00 часот. Вторник, 14 јануари, е резервиран за традиционалното василичарско оро и палење на маските.

Програмата за Вевчански карневал за 2020 наиде на многу позитивни критики на социјалните медиуми, бидејќи покрај традиционалните обреди, таа вклучува и неколку новитети. Преку кулинарското шоу, Бранко Попоски, food blogger кој стои зад проектот Cooking with Branko, ќе ги запознае гостите со кујната карактеристична за овој крај.

За музичкиот дел ќе се погрижат македонски изведувачи од различни жанрови како македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers, DJ Todoroff, македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска, а по барање на публиката, општината се погрижи да ја донесе нашата најголема музичка ѕвезда, Влатко Лозаноски.

Организаторите и годинава најавуваат многу смеа, игра, театар и маски, кои ќе го привлечат вниманието на јавноста задржувајќи ја својата уникатност и архаичност.

Next Post

Градоначалникот Митко Јанчев под директни закани од Емил Јакимовски - Гусарот

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk