ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека „ќе ја искреира на некролог“

January 11, 2020 15:39
in МЕДИУМИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека „ќе ја искреира на некролог“, пренесе МИА.

-Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Здружението на новинарите на Македонија неодамна предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат. Оттаму потсетуваат дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.

Од ЗНМ апелираат до политичките партии најостро да ги осудат заканите, во пресрет на изборите да демонстрираат коректен јавен однос кон новинарите и да укажат на своите членови дека нападите и заканите кон новинарите претставуваат кривични дела и за истите се одговара.

Next Post
Илустрација

МТСП: Сместување и финансиска помош за семејството чии деца трагично загинаа во пожар во Шуто Оризари

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk