Емил Јакимовски кој деновиве се закануваше со говор на омраза и недолични навреди кон новинарката Мери Јордановска, кон градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и кон директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски, доби отказ од Централен регистар.
Како што пишува директорката Марија Бошковска Јанковски на својот фејсбук профил, вработениот Емил Јакимовски добива решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.
Имено, Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот, истакнува директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски.
Ј. Ѓ.