На денот кога документарниот филм „Медена земја“ доби две номинации за Оскар, во скопската зоолошка градина се роди мало мајмунче, а одговорните во зоолошката планираат да ѝ го дадат името Атиџе, ако се покаже дека новороденото е женско.
Навистина убав ден- Honeyland на Оскари, а во Зоо Скопје се роди првото бебе годинава. Мајката патас и бебето се добри, а ние сме пресреќни и за нив и за Оскарите , напишаа на Фејсбук.
– Ако е женско, ќе биде Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества – додаваат од Зоо Скопје.
Во текот на вчерашниот ден пак и утрово уште четири нови медени принови имало во Скопје ЗОО. Преслатко јагне, две јариња и козичка.
Деновиве и директорот на ЗОО СКопје е во посета на Виена во најстарата зоолошка во светот „Шонбрун“
– Нашите конекции со нив се одлични. Тие се наши пријатели и соработници, и се надеваме дека ќе ни помогнат Скопје зоо да добие поларна мечка и пеликани – пишува директорот Галетановски.
Скопската зоолошка градина постојано се збогатува со нови животни. Пред неколку дена пристикгна белата лавица Бела, од Ходенхаген, Германија. За неколку дена ќе пристигне и белиот лав мажјак со кој заедно ќе живеат во Скопје ЗОО. Белите лавови не се албино, туку имаат посебни гени и се еден од најзагрозените видови во светот.