ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пристигна 2020 година, сè уште не е пуштена жичарницата со шест седишта на Попова Шапка

Во пресрет на почетокот на скијачката сезона на Попова Шапка, жичарата со шест седишта сѐ уште не е подготвена да се пушти во употреба, и покрај ветувањата на министерот за економија Крешник Бектеши.

January 14, 2020 10:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МЕТА

Фото: МЕТА

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на почетокот на скијачката сезона на Попова Шапка, жичарницата со шест седишта сѐ уште не е подготвена да се пушти во употреба, и покрај ветувањата на министерот за економија Крешник Бектеши. Министерството за транспорт и врски, односно Комисијата за техничка контрола за употребна лиценца, има уште осум работни дена (до 22 јануари) да одговори на барањето на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) за оваа жичара. Проблемот е отежнат најмногу поради тоа што засегнатата компанија, го доставила барањето само три дена пред Новогодишните празници, а можеле да го сторат тоа уште во октомври, пишува „Порталб.мк“.

Како што пренесе МЕТА, Од октомври 2019 година, кога и официјално заврши повторената постапка за жичарницата со шест седишта, односно за пренамена на земјоделското земјиште во индустриско, документите за продолжување на постапката спиеле во фиоките на ЕСМ до крајот на декември. Всушност, барањето за пренамена на земјиштето од земјоделско во индустриско земјиште е завршено на 21.10.2019 година и истата е објавена во Службен Весник.

Од ЕСМ за „Порталб.мк“ велат дека „доколку сите недовршени постапки (добивање дозвола од Министерството за транспорт и врски) завршат, во втората половина на јануари 2020 година, очекуваме комерцијална употреба на жичарницата со шест седишта во ски – центарот „Попова Шапка“.

По поднесувањето на барањето на 27 декември, непосредно пред празниците, сега на ред е Министерството за транспорт и врски, односно Комисијата за техничка контрола, за добивање употребна лиценца, која има рок да одговори до 22 јануари.

Од ова министерството велат дека „тие моментално проверуваат дали документацијата на компанијата е комплетна“.

Според Законот за градба, ако сѐ е во ред со документацијата, ќе се изврши увид на терен. Ако не, ќе се бара комплетирање на документацијата, што може уште да ја одолговлечи постапката. И конечно, ако сé оди добро, повторно треба да се бара дозвола од Министерството за економија за пуштање на опремата во функција.

Министерот за економија Крешник Бектеши пред неколку месеци изјави дека жичарата ќе биде подготвена за сезоната 2019/2020, дури додаде дека за ова „можеме да го држиме за збор“. Сепак, во моментот кога бараме одговорност за одложувањата и одолговлекување на постапката за пуштање на истата во употреба, министерството кое тој го предводи истакнува дека тие не се надлежни.

Приказната со жичарницата на Попова Шапка започнува со првиот договор за нејзина изградба потпишан на 10 март 2014 година. Уште тогаш земјоделското земјиште е пренаменето во градежно земјиште. Одлуката на Владата за ова е објавена во Службен весник бр. 190/14 од 02.12.2014 година.

Сепак, поради одложување на постапките од страна на институциите и некои други непознати фактори, изградбата на жичарницата започна во јуни 2016 година. Повторно, веднаш се појавиле и други пречки. Државниот инспекторат за животна средина, заради нерегуларности, донел одлука за прекин на работите во јули 2016 година. Работата продолжила во јули 2018 година, а пуштањето во функција, дури ни денес 14 јануари 2020 година, сѐ уште не е реализирано.

Извор: МЕТА

Next Post

Таравари се надева на ослободување од ДУИ

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

November 7, 2025
Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk