Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски на својот Фејсбук профил прикажува записнк како доказ за наводна манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски и неговиот советник Марјан Атанасов, ја прават со земјоделците.
„Во прилог е доказот за манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан и неговиот советник Марјан Атанасов, ја прават со земјоделците.
Имено ова е записник во кој советникот на Цветан, констатира дека Екрем Јаји не постапил согласно укажувањето и не ја отстранил узурпацијата. Квалификувајќи го како узурпатор со овој записник му е скратено правото на обештетување.
Цветане кажете му ја вистината и престанете да ги злоупотребувате земјоделците за приватни цели.“, пишува министерот Трајан Димковски.
Ј. Ѓ.