ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Зградата на „Водовод и канализација“ чинела повеќе од 11 милиони евра!

Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ во март 2017 година се преселија во новата барокна зграда, а тогаш во медиумите се пласираше веста дека таа чини 10 милиони евра. Но, со анекси и договори, како што може да се види во извештајот на Државниот завод за ревизија, цената на оваа барокна зграда се зголемила за 15 отсто и конечниот износ е 11,5 милиони евра! Но, бидејќи  изведувачот не ја изградил зградата навреме, му била наплатена банкарската гаранција од околу 440 илјади евра, што значи дека конечниот „цех“ за зградата бил повеќе од 11 милиони евра

January 14, 2020 11:06
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ во март 2017 година се преселија во новата барокна зграда, а тогаш во медиумите се пласираше веста дека таа чини 10 милиони евра.

Но, со анекси и договори, како што може да се види во извештајот на Државниот завод за ревизија, цената на оваа барокна зграда се зголемила за 15 отсто и конечниот износ е 11,5 милиони евра! Но, бидејќи  изведувачот не ја изградил зградата навреме, му била наплатена банкарската гаранција од околу 440 илјади евра, што значи дека конечниот „цех“ за зградата бил повеќе од 11 милиони евра.

Во објавениот извештај за јавните набавки за јавните претпријатија, Државниот завод за ревизија детално опишува што се случувало со изградбата на барокната зграда на ЈП „Водовод и канализација“.

Првичниот договор за изградба на зграда на ЈП „Водовод и канализација“ е склучен во 2011 година, но изведувачот на градежните работи, австриската „Алпине бауер“, отишол под стечај и извршил дел од работата за што му биле платени 2,5 милиони евра. Во 2014 година се избрал нов изведувач, кој требало да продолжи со градежните работи и за тоа да добие 7,5 милиони евра, со што за овој и за претходниот изведувач требало да се потрошат вкупно 10 милиони евра. Но, потоа во периодот од 2015 до 2017 година биле склучени 7 анекси, меѓу кои и договори за непредвидени работи со вкупен износ од 1,5 милиони евра. Од овој износ 1 милион евра се за склучена постапка со преговарање без претходно објавен оглас.

„Постапката е спроведена поради пропусти, недостатоци и нејасни детали на основниот проект изработен пред почнување на градежните работи. Недостатоците на основниот проект ги констатирал надзорниот орган во текот на изведувањето на градежните работи. Поради тоа е изготвен „Проект за изменување и дополнување во тек на градба“, утврдува Државниот завод за ревизија.

Но, ревизорите потенцираат дека од извршената анализа, тие не се увериле дека овие работи не можеле да се предвидат во основниот проект.

„Тие се резултат на слабостите при планирање на јавните набавки, дотолку повеќе што проектот бил предмет на ревизија од ревидент“, пишува во Извештајот.

Ревизорот констатирал и дека зградата е вселена и пуштена во употреба во март 2017 година иако дозволата за употреба е издадена на 11 мај 2017 година. Притоа, ревизорот напоменува дека од март до мај се направени неколку технички прегледи, поради тоа што имало забелешки.

извор: Слободен печат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во Солун уапсени Бугари што оставиле бебе да плаче на балкон

June 17, 2025

Без вода населбата Бардовци

June 17, 2025
acpsk12.org

Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk