ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерство за финансии објави јавен повик за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит

Министерство за финансии објави јавен повик за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит. Сите граѓани кои се заинтересирани за добивање субвенциониран станбен кредит можат да аплицираат за купување на нов стан,односно субвенција на дел од месечна рата при што Владата ќе плаќа 50% од месечниот ануитет (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот за лица со возраст над 35 години, односно 70% од месечниот ануитет (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот за млади лица до и со наполнети 35 години или субвенција на дел од учество при што Владата ќе плати 50% од учеството потребно за добивање кредит, најмногу до 6.250 евра за лица со возраст над 35 години. Владата ќе плати 70% од учеството потребно за добивање кредит, најмногу до 8.750 евра за млади лица до и со наполнети 35 години

January 15, 2020 09:51
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерство за финансии објави јавен повик за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит. Сите граѓани кои се заинтересирани за добивање субвенциониран станбен кредит можат да аплицираат за купување на нов стан,односно субвенција на дел од месечна рата при што Владата ќе плаќа 50% од месечниот ануитет (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот за лица со возраст над 35 години, односно 70% од месечниот ануитет (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот за млади лица до и со наполнети 35 години или субвенција на дел од учество при што Владата ќе плати 50% од учеството потребно за добивање кредит, најмногу до 6.250 евра за лица со возраст над 35 години. Владата ќе плати 70% од учеството потребно за добивање кредит, најмногу до 8.750 евра за млади лица до и со наполнети 35 години.

Субвенцијата e неповратна во случај на редовна отплата на станбениот кредит, како и во случај на предвремена доброволна отплата на станбениот кредит по истекот на 10-тата година од отплатата на кредитот за овие модели.

Министерството субвенционира исто така и изградба/купување на нова куќа со можност за субвенција на дел од месечна рата при што Владата ќе плаќа 80% од месечниот ануитет (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот за лица со возраст над 35 години. Владата ќе плаќа 60% од месечниот ануитет (главница и камата) во првите 3 години од отплатата на кредитот, 50% од месечниот ануитет во следните 5 години и 40% од месечниот ануитет во следните 3 години од отплатата на кредитот за млади лица до и со наполнети 35 години или субвенција на дел/цело учество при што Владата ќе плати 80% од учеството потребно за добивање кредит, односно најмногу до 10.000 евра во денарска противвредност за лица со возраст над 35 години. Владата ќе го плати целосниот износ од учеството потребно за добивање кредит, односно најмногу до 12.500 евра во денарска противвредност за млади лица до и со наполнети 35 години.

Субвенцијата е неповратна во случај на редовна отплата на станбениот кредит. Субвенцијата е неповратна во случај на предвремена доброволна отплата на станбениот кредит по истекот на 10- тата година од отплатата на кредитот за моделот субвенција на дел од месечната рата за лица со возраст над 35 години и за моделот субвенција на 80% од учеството. Субвенцијата е неповратна во случај на предвремена доброволна отплата на станбениот кредит по истекот на 12-тата година од отплатата на кредитот за моделот субвенција на дел од месечната рата за млади лица до и со наполнети 35 години и за моделот субвенција на 100% од учеството.

Критериумите и условите кои треба да ги исполнуваат граѓаните за да можат да се пријават за добивање на субвенциониран станбен кредит се наведени во Јавниот повик објавен на официјалната страна на Министерството за финансии.  Рокот за пријавување е во периодот од  1ви јануари до 31ви декември 2020 година.

Next Post
ФОРО: Слободен печат

Пазарџиите трет ден на протест поради зголемената цена за паркинг

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk