ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов извештај на НЕД: Зошто постои (и се засилува) побарувачката за дезинформации

Трудот се фокусира врз побарувачката на дезинформации и го поставува прашањето зошто има и такви консументи на вести кои одново и постојано бараат и им веруваат на изворите на дезинформации, одбивајќи другите информативни медиуми. Она што е интересно за нас овде во Република Северна Македонија, тоа е поглавјето во кое е опишано дезинформативното милје во земјава пред референдумот за името на 30 септември 2018 година. Извештајот ги спомнува иницијативите #бојкотирам, финансиското влијание на рускиот милионер од Солун, Иван Савидис, употребата на ботовите во јавната дискусија околу референдумот, прогласувањето на НАТО и западните сојузници како „фашисти“ од страна на противниците на референдумот и други

January 15, 2020 12:24
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Националната фондација за демократија (НЕД) од САД објави нов аналитички извештај со наслов „Побарувачката за измами: Како нашиот начин на размислување го поттикнува објавувањето на дезинформации“, чии автори се Семјуел Вули и Кејти Џозеф.

Трудот се фокусира врз побарувачката на дезинформации и го поставува прашањето зошто има и такви консументи на вести кои одново и постојано бараат и им веруваат на изворите на дезинформации, одбивајќи другите информативни медиуми.

Она што е интересно за нас овде во Република Северна Македонија, тоа е поглавјето во кое е опишано дезинформативното милје во земјава пред референдумот за името на 30 септември 2018 година. Извештајот ги спомнува иницијативите #бојкотирам, финансиското влијание на рускиот милионер од Солун, Иван Савидис, употребата на ботовите во јавната дискусија околу референдумот, прогласувањето на НАТО и западните сојузници како „фашисти“ од страна на противниците на референдумот и други.

Разбирањето на факторите кои влијаат врз постоењето на побарувачка за дезинформациите е од суштинско значење за создавање на ефикасни одговори, сметаат авторите, додавајќи дека сите оние кои се борат против ширењето на дезинформациите треба да развијат иновативни адаптации против актуелниот, преполн со дезинформации информативен пејзаж.

Според нив, она што треба особено да се сфати тоа е фактот дека дезинформациите се глобален феномен во кој младите демократии (како македонската) се особено ранливи, што пак изискува дополнително внимание и вршење истражувања на овие теми.

Иницијативите за проверка на факти, според авторите, треба да ја имаат предвид психологијата на своите публики, како и фактот дека консументите на вести, кои веќе му веруваат на некој политички наратив, е поверојатно дека ќе ги одбијат информациите кои вршат корекции на нивните ставови и дека ќе ги рационализираат своите веќе постоечки уверувања. Истиот овој предизвик се појавува и кога станува збор за ширењето на медиумската писменост.

Трудот обраќа особено внимание на технологиите за кои се очекува штотуку да се појават и уште повеќе да ја отежнат борбата против дезинформациите и злоупотребите на личните податоци какви што се сѐ пораширените и крајно реалистични фото, аудио и видео манипулации, злоупотребата на виртуелната и засилената реалност (virtual and augmented reality), масовното биометриско набљудување и други.

извор: Вистиномер

Next Post

Димитров – Јелстад: Поддршка од Норвешка во реализација на стратешките приоритети на Северна Македонија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk