ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишан договор за изградба на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце

На делницата се предвидени две клучки кај Блаце и Стенковец

January 16, 2020 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Договор за изградба на првите два километра од автопатската делница Скопје – Блаце денеска во Владата потпишаа директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов и генералниот директор на изведувачот на работите А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски. Согласно договорот делот од автопатот од граничниот премин Блаце до клучката Блаце во вредност од 12,2 милиона евра што се обезбедени од буџетот на ЈПДП, треба да се реализира во наредните 18 месеци, а надзор на работата ќе врши Градежниот институт на Македонија (ГИМ).


Автопатот ќе биде со две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти за возење со широчина од по 3,5 метри и по една лента за застанување широка 2,5 метри. Вкупната проектирана ширина на автопатот ќе изнесува околу 27,5 метри. На делницата се предвидени две клучки кај Блаце и Стенковец.
Паралелно со изградбата на првиот дел од делницата, ќе тече и препроектирањето на вториот дел од автопатот од клучката Блаце до клучката Стенковец во вкупна должина од 10,5 километри. За негова реализација Владата веќе обезбеди грант од 27 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, а се очекува и формализирање на заемот од Европската банка за обнова и развој од околу 70 милиони евра со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на втората фаза.
Идејното решение за препроектирање на вториот дел од автопатот е во тек, а се очекува за 12 месеци да биде одобрен и проектот што го изработува конзорциум предводен од американската компанија „Хил интернешнл“, која го изработи и проектот за првиот дел од автопатот.

– Може да звучи дека се малку два километра, но изградба на автопат на таков географски терен во отсуство на каков било претходен подготвителен проект значеше ангажман на многу институции. Од денеска нема враќање назад почнува проект кој нема да заврши додека не биде целосно функционален. Цел ми беше додека сум јас координатор на проектот да почне изградбата на автопатот и тоа се случи. Поптишан е договорот за почеток на изградба, проектот добива форма и е ставен во иреверзибилна фаза, односно на лента од која никој не може да излезе без разлика на политичката волја понатаму. Наскоро од Скопје до Приштина ќе се патува за помалку од еден час, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред потпишувањето на договорот.

Тој оцени дека е добра стратешка одлука што автопатот ќе се гради во две фази од кои првата ќе се реализира со средства од буџетот на ЈПДП, а втората со грант и кредит. Пред крајот на реализацијата на првиот дел, додаде, веќе ќе бидеме подготвени за почеток на градба на вториот дел. Тој нагласи дека во петок ќе оди во Блаце да се сретне со сопствениците на 68-те парцели што треба да се експроприраат за изградба на првиот дел од автопатот.

– Бирото за судски вештачења веќе направи проценка на вредноста на парцелите и очекувам до подобрувањето на временската ситуација да се најде решение и да заврши процесот на експропријација. Во секој случај станува збор за проект од државен интерес поради што не може да се стопира градбата, единствено сопствениците на парцелите може да ја обжалат понудената цена во суд, но тоа не не спречува да продолжиме со градбата, рече Османи.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески порача дека беше неопходно препроектирање на трасата на автопатската делница, која е дел од рутата шест и е многу важна за проширување на европските патни мрежи, за, како што рече, да се избегнат проблеми со експропријација на земјиштето што ги имаше во првичниот проект и да нема проблеми какви што имаше на дел од трасите на автопатиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

– Овој проект е од огромно значење заради подобрување на економските врски со Косово и зголемување на билатералната економска соработка. Косово е наш значаен трговски партнер со кој минатата година бележиме зголемување на трговската рамена од 30-тина проценти. Изградбата на автопатската делница ќе даде дополнителен импут во зголемување на трговските релации во иднина, рече Сугарески.

Директорот на ЈПДП Китанов посочи дека добар проект значи и брза градби и нагласи дека очекува првиот дел од автопатот да биде завршен пред крајниот рок. Најави дека пролетва ќе биде рехабилитиран постојниот пат кој ќе служи како алтернативен по изградбата на автопатот.

– По успешно спроведената постапка за јавни набавки од пристигнатите понуди како најповолен економски оператор кој ќе ги изведе градежните работи е избрана компанијата „Гранит.“ Вредноста на договорот е 747.239.717 денари без ДДВ или околу 12,2 милиони евра. Работите треба да завршат во рок од 18 месеци од воведување во работа. Тоа значи дека градежните работи ќе започнат оваа пролет, а првите километри ќе можеме да ги возиме во летото 2021 година, рече Китанов.

Тој посочи  дека финансирањето на првите два километра е целосно од буџетот на ЈПДП.

Активностите за изградба на автопатот почнаа на 20 март 2018 година, кога со одлука на Владата беше формирана министерска работна група, а како координатор за реализација на проектот беше назначен вицепремиерот Османи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Списанија за алтернативна медицина продолжуваат да го промовираат култот на Путин во Македонија и во регионот

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk