Еден Кинез е фатен со 200 живи скорпии кои сакал да ги прокриумчари од Шри Ланка во Кина.
Неговото име не е соопштено, а планирал да одлета од Шри Ланка во Гвангжу кога полицијата на меѓународниот аеродром во неговиот багаж ги откри живите скорпии.
Фотографиите кои ги објави царината на Шри Ланка прикажуваат скорпии спакувани во најмалку седум пластични кутии.
https://twitter.com/cnnphilippines/status/1217316229788008448
Човекот е пуштен откако платил казна од 100.000 рупии (552 долари), пишува Си-ен-ен.
Скорпиите се користат во традиционалната кинеска медицина, а тие кои ги користат тврдат дека помагаат во ублажување на болките во мускулите.
Ова не е прв пат патници на овој аеродром да бидат фатени како се обидуваат да прокриумчарат животни од земјата.