Шестмина тешко повредени е црниот биланс од денешната сообраќајка која се случила на автопатот Велес-Скопје, извести полицијата.
Засега се знае дека во големата сообраќајка учествувале шест возила. Во незгодата една жена е пренесена на скопските клиники. Увидот на местото на незгодата е завршен и се очекува сообраќајот кој неколку часа беше во прекин да биде дозволен.