ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европа апелира на донесување на законот за ЈО, власта вели дека опозицијата нема слух за тоа, а тие пак бараат преговори

Законот за ЈО уште од јули минатата година е влезен во собраниска процедура.

January 17, 2020 08:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери апелираше до партиите што побргу да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство, еврокомесарот Оливер Вархеји порача дека треба да се даде приоритет на тој закон, додека пак шефот на дипломатијата Никола Димитров оцени дека тие што нема да гласаат и нема да учествуваат во таков закон не се чесени и искрени пред гласачите и пред граѓаните кога велат „сакам Европска Унија“. Вархеји, при посетата во Скопје, изрази надеж дека сегашниот парламентарен состав ќе даде приоритет на новиот закон за ЈО, консатирајќи дека тоа ќе биде добар знак упатен до земјите-членки, пренесува МИА.

Франсоа Лефон, советник на вицепремиерот за европски прашања, во интервјуот за МИА, нагласи дека доколку сите политички партии се за членство во ЕУ како што велат, треба да се способни да се договорат околу реформите за да ѝ докажат на Европската комисија дека се посветени на доброто на земјата.

– Инаку, ќе видиме дека ова се само политички игри, и една од причините што не го добивме Законот за СЈО. Опозицијата не сакаше да му даде на мнозинството таков подарок пред изборите. Двотретинско мнозинство не беше можно. Ако партиите се посветени на европскиот пат, ќе сфатат дека овој момент е поважен од нивните политички игри, рече Лефон.

Димитров, во интервјуто за МИА, нагласи дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

– Ако еврокомесарот, кој очигледно е наш сојузник и работи на таа агенда да го направиме конечно овој пробив во заслужената следна фаза, ако тој вели важно е ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав, ќе се види дали сме само декларативни во заложбите и едноставно е. Кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее, истакна министерот за надворешни работи.

 

Според пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева најголемата опозициска партија нема слух за Закон за обвинителство.

– Во овој момент не гледам дека се загрижени и дека би сакале да седнат да поработиме на оваа тема. Мислам дека тоа е особено од моментот кога се најавија изборите, едноставно целосно го тргнаа на страна, тоа е мојот впечаток се надевам дека грешам, би била пресреќна да грешам и да се откочи процесот, рече Калеска Ванчева.

Според неа, одговорноста доколку не се донесе законското решение е подеднаква и на власта и на опозицијата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пак посочи дека тие се на располагање на владејачката коалиција и смета дека преку конструктивни преговори ќе ги дадат и нивните предлози за донесување на законот.

– Сметаме дека би било добро да се донесе, стоиме на располагање на владината група на парламентарното мнозинство ДУИ и СДСМ за конструктивни преговори каде би ги дале нашите предлози на донесување на закон согласно стандардите на Венецијанската комисија. Но, треба да се направат приоритети доколку за владиното и парламентарното мнозинство поважен е Законот за трговија со сува марихуана, а не е толку важен Законот за обвинителство тогаш тешко дека ќе можеме нешто да направиме и да донесеме, рече Милошоски.

Законот за ЈО уште од јули минатата година е влезен во собраниска процедура.

Next Post

Пиоли воодушевен од влијанието на Ибрахимовиќ во Милан

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk