ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Позитивни назнаки за носење на законот за јавно обвинителство

- Новиот предлог-закон за јавно обвинителство нема суштински разлики во однос на претходниот, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ, но додава дека не би сакала да коментира пред за него да се разговара и да се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

January 17, 2020 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По јасната порака на новиот еврокомесар Оливер Вархеји дека клучно прашање во отворањето преговори со Европската Унија за нашава земја е донесувањето на законот за Јавното обвинителство и тоа од актуелното парламентарно мнозинство, денеска позитивни назнаки и од власта и од опозицијата.

– Новиот предлог-закон за јавно обвинителство нема суштински разлики во однос на претходниот, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ, но додава дека не би сакала да коментира пред за него да се разговара и да се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Доставен е нов изготвен предлог на закон за јавно обвинителство до најголемата опозициска партија за да го разгледаат и да дадат свое мислење и да се донесе закон. Искрено се надевам дека ова ново понудено законско решение ќе биде прифатливо за да седнеме и онака како што налага Деловникот, низ конструктивна собраниска расправа да донесеме закон, консензуално, бидејќи ваков закон може да биде добар само ако биде донесен со консензус, изјави Калеска-Ванчева.

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог- закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба со претставниците на владиниот тим односно СДСМ и ДУИ и размена на аргументи.

Антонио Милошоски, од работната група на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека иако до распуштањето на Парламентот има помалку од еден месец, постојат одредени шанси, ако тоа се постави како приоритет, да се постигне согласност за законот за јавното обвинителство.

– Во текот на вчерашниот ден добивме предлог-закон од страна на владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ за јавното обвинителство. Ова е веќе четврти текст – предлог закон за јавно обвинителство, со поинаков текст од претходните три и од оној кој се уште е во собраниска процедура. Би било коректно од собраниското мнозинство доколку овој предлог закон кој што е во собраниска процедура да го повлечат за да можеме да разговараме за новопредложениот, рече Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е во опозициската работната група за законот, вели дека од она што можел да го види во преодните и завршни одредби на предлогот, повторно се остава еден законски обид за тимот на СЈО да биде „удомен“ на некој начин во тимот на обвинителката Вилма Рускоска.

– Законот за јавнообвинителска служба и законот за плати на јавните обвинители е прилично јасен, не може ниеден обвинител без разлика каде бил ангажиран да добие повеќе од 35 отсто надомест од неговата основна плата, а видовме дека сите обвинители кои работеле во СЈО добивале по астрономски суми, околу, 70, 80 или 100 илјади евра и за таков прекршок треба да се поведе во најмала рака дисциплинска постапка, и цениме дека не би требало овие лица да бидат овласетни или наградени со некоја повисока позиција во јавнообвинителскиот систем или, пак, да бидат привилегирани во споредба со нивните колеги обвинители, рече Милошоски.

Б.Богдановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025
Фото извор: Укринформ

Зеленски: Русите синоќа ја нападнаа Украина со 26 крстосувачки ракети и 597 дронови, убиени се две лица

July 12, 2025

Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk