Полицијата го уапси заканувачот на новинарките Емил Јакимовски. Апсењето е епилог на многуте пријави кои лицето ги имало за семејно насилство, но и по последните пријави на новинарките Мери Јордановска од „А1он“ и Искра Коровешовска од „ТВ Алфа“ за навреди и закани преку социјалните мрежи, јавува А1 он.
Против Јакимовски кој беше вработен во Централниот Регистар, имаше повеќе пријави за сличен тип испади и инциденти. Пријавите во полиција против Јакимовски биле поднесени од повеќе лица, но има и од институции.
И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.