Откако се крена голема бука околу тоа дека принцезата Меган и принцот Хари ќе се селат од Лондон и кралското семејство и ќе се окажат од сите благодети кои доаѓаат со заедничкото живеење со кралицата, и младиот дечко 38 годишниот Трајче од Скопје, решил да се откаже од џепарлакот кој што го зема од родителите и конечно финансиски да се осамостои од своите родители со кои живее заедно.
– Време е. Цврсто стојам зад одлуката. Знаете, ако принцот Хари одлучил да не е повеќе на „цицката“ од својата баба и да не прима повеќе џепарлак од родителите, па сигурно можам и јас. Што сум јас помалку од принцот, па имам и јас свое ЈАС?! Кога може тој толкаво богатство да остави, можам и јас да се откажам од џепарацот што ми го даваат моите родители пензионери секоја недела. Тој навистина е голем човек и траба да ни е пример на сите млади луѓе што живееме на Балканот кои не се сигурни и кога е вистинското време да се откажат од сигурните примања кои се за кафе и за кладилница и конечно да почнат да бидат финансиски независни од родителите. Не знам, некако баш ме погоди гестот на принцот Хари и од тие причини се запрашав, па побогу што правам јас со својот живот и дали тоа воопшто има смисла. Мислам, знаете, моите имаат нормални пензии од некои двеста-триста евра, од кои за мојот џепарлак одвојуваат едно 150 евра месечно, ако не и повеќе, додека не се снајдам. Знаете како е, платите се мали кај нас, па јас како дипломиран политиколог не би работел сè и сешто, да ме експлоатира таму некој, па имам јас диплома човече – изјави Трајче за нашиот портал.
Како што ни најави во разговорот, Трајче во овој преоден период планира и понатаму да зема џепарлак од родителите додека не се снајде, но како што вели тоа ќе биде ситнурија – колку да има за кафе и теретана.
прилагодено од: satro.info
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK